1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се намалува поддршката кај Израелците

12 август 2006

Како што се зголемува бројот на жртвите и на израелска страна анкетите покажуваат дека се помалку Израелци веруваат дека офанзивата на нивната армија ќе донесе резултат.

https://p.dw.com/p/Adyf
Опаѓа поддршката за акцијата на израелските војници
Опаѓа поддршката за акцијата на израелските војнициФотографија: AP

„Утре му беше роденден“, вели во плач Нофер Хадар за својот пријател кој загинал во Либан, заедно со уште тројца војници. Бројот на жртвите од израелска страна се искачи на над стотина. Во Израел се повеќе се прашуваат: Зошто? и До кога? И Арапите кои живеат во северниот дел на Израел кој е најпогоден од ракетите на Хезболах сметаат дека политичарите мора да преговараат:

„Премиерот и министерот за одбрана не се само воени почетници туку и политички почетници. Човек не треба со пријатели да преговара за мир туку со непријателите. Насрала е непријател и со него треба да се преговара“.

Со сличен став се и левоориентораните политичари во земјата. Партијата Мерец која на почетокот ја поддржуваше израелската армија во акцијата наменета за одбрана од ракетните напади на Хезболах сега го крева гласот против. Партискиот шеф Јоси Белин изјави:

„До сега немавме ништо против војната која се спроведуваше за самоодбрана, но сега кога е донесена одлука за проширување на копнената офанзива дури до 20 километри на либанска територија рековме: доста е. Сега излегуваме на улица“.

Демонстрациите се одржаа пред министерството за одбрана и пред кабинетот на премиерот Олмерт.