1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се’ најдобро за дваесетиот роденден на Македонија!

7 септември 2011

Демократија, слободи, вистински растеж – доживеа Македонија во изминативе две децении. Сметаат многу пријатели на земјата кои синоќа среде Берлин го прославија дведецениското постоење на независната држава

https://p.dw.com/p/12UBc
Амбасадорката Корнелија Утевска-ГлигоровскаФотографија: DW

Сечиј роденден се прославува со гости, добра музика, храна и пијачка, па така и државниот, на кого присуствуваа многу Македонци, претставници на дипломатскиот кор  и пријатели на Македонија. По изведба на националните химни на Македонија и Германија, амбасадорката Корнелија Утевска – Глигоровска накусо се осврна врз историските случувања од пред две децении и патот на државата истакнувајќи дека во Македонија се случија промени, демократијата доби на зрелост и земјата го најде своето место во светот. И токму ова, според Утевска-Глигоровска бара енергично и мотивирачки натамошно работење. Нешто е постигнато, но има уште  многу што претстои.
Во амбиент придружен со музиката на Синтезис, македонското вино и храна повеќемина германски пријатели, но и луѓе со наши корени прашавме: во што го гледаат дведеценискиот  растеж на малата земја од Балканот?

Постигнато е многу!

„Демократија, слобода, мирно одделување од Југославија“,  им дадоа белег на изминативе години смета Натали, додека  Маркус Клиер од Танс Нетворк со забелешката.
„ За дваесетте години Македонија вистински прерасна во нација. Од културен аспект има многу успешни режисери,  музичари кои ширум светот  се слушани.Уметници од Македонија има и тука во Берлин. За овој јубилеј,  на Македонија и посакувам  да и оди добро и во наредниве дваесет, педесет, двеста години...
„За мене многу впечатливо беше создавањето на полициските органи кој  беше многу успешен процес. На Република Македонија и посакувам многу успех, а на нејзините граѓани се’ најдобро“, вели и Диетмар Воидке, прв човек на МВР на Бранденбург .
Сузана Јумеровска кажува  дека при секое враќање во родното Скопје доживува нешто ново. Останува и дел од старото и му се радува на секој сегмент Европа што таму се доградува.
„Македонија постигна многу. Се демократизира, научи и се’ уште учи што е демократија. Затоа 20 години независна Македонија може да се каже дека се  многу позитивни“, е мислењето на Павле, а Хелена која е роден оптимист дополнува:
„Се надевам дека земјата ќе продолжи и натаму да напредува и  посакувам брзо да чекори на нејзиниот европски пат“.

Автор: Силвера Падори - Кленке

Gäste bei Empfang zum 20-jährigen Bestehen des unabhängigen Mazedoniens
Музиката на Синтезис, македонското вино и храна - добредојде за гостите...Фотографија: DW
Kornelija Utevska-Gligorovska Mazedonien
Цвеќе за родениот ден... Амбасадорката со гостите Маркус Клиер и Сузана ЈумеровскаФотографија: DW

Редактор: Симе Недевски