Се очекува нов бум во туризмот
6 март 2007�еќе од 5 милијарди евра.
Одмор, тоа за Германците и натаму е најубавото време во годината и се минува насекаде, но ако е можно не дома. Тоа прозилегува од една анкета што ја напарви Друштвото за истражување на потрошувачката точно пред почетокот на годинашнава туристичка берза. Германските тур-оператори годинава сметаат на преку 20 милијарди евра промет, што би бил рекорд што ќе ја надмине и досега бум-годината 2001. Шансите за тоа се добри, смета Кристијан Геке, директор на саемот во Берлин:
„Оваа анкета покажува дека Германците и покрај покачувањето на данокот на додадена вредност, годинава нема да штедат кога станува збор за туристичкото задоволство, па очекуваме дури и плус од 3 проценти. За нас е важен ваквиот добар предзнак„.
Во секој случај бројките се точни. На саемот годинава учествуваат скоро 11 илјади излагачи од 184 држави и региони. На располагање имаат 160 илјади квадратни метри изложбен простор кој целиот е букиран. Пет дена ќе ги претставуваат своите места за одмор, тур-операторите, хотелите и авио - компаниите за стручњаците и приватните посетители, а паралелно со тоа ќе се одржуваат голем број форуми и конгреси:
„Ќе зборуваме за промената на климата, за првпат партнер ќе ни биде и Светскиот економски форум од Давос, како и ’Боинг контра Ербас’„.
На тој начин на саемот ќе се дебатира за најгорливите теми во моментов што е сосема во стилот на туристичката бранша, како што вели Клаус Лепле, претседател на сојзуното туристичко здружение. На пример, промената на климата. Со оглед на можните слики со пустини околу Средозменото Море или недостигот на снег на Алпите, кај туристичките фирми е даден знак за тревога. За туризмот, вели Лепле, недопрената природа е на прво место:
„Затоа ги одбиваме плановите на Европската комисија во намалувањето на издувните гасови да ги вклучи и авио-компаниите. Затоплувањето на Земјата и количеството ЦО2 се глобални проблеми што бараат глобални одговори„.
Инаку, владее безмилосна конкуренција. Германците во минатата година за патувања во странство потрошија 60,5 милијарди евра, а дома - околу 30. Сметано по жител, Гермаците се светски прваци во туризмот. И годинава не се разликува многу: најбарани се далечните дистанции, на пример кон Азија, Мексико, Малдиви или Јужна Африка. Од поблиските водат Италија, Шпанија и Тунис,а годинава и Турција може добро да мине благодарение на големата рекламна кампања. Меѓутоа, дестинација за Германците е и сопствената земја, пред се Алпите или морскиот брег на Балтикот.