1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се‘ повеќе Јужноевропејци бараат спас во Германија

ЕМФ/дв5 јануари 2013

Еврокризата влијае врз германскиот пазар на работна сила - се‘ повеќе луѓе од државите од јужна Европа кои се во криза бараат работа во Германија. Но, на врвот на листата не се ниту Шпанците ниту Грците!

https://p.dw.com/p/17EeC
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во октомври 2012 година, во споредба со истиот период лани, во Германија биле вработени 7,6% повеќе луѓе од Италија, Грција, Шпанија и Португалија. Според податоците на Сојузната агенција за труд, властите во Германија „изброиле“ 465.000 вработени кои се државјани на овие четири земји.

Најголема е групата на Италијанците - околу 235.000 луѓе со италијански пасош нашле работа во Германија. Бројот на Грци кои работат во Германија изнесува 123.000 и е поголем за 11% во споредба со минатата година, додека бројот на Шпанците кои нашле работа во Германија се зголемил за околу 16%, односно изнесува околу 50.000.

Состојбата на пазарот на работна сила во земјите од еврозоната, според студија на ревизорската фирма „Ернст и Јанг“, ќе се влошува и натаму. Во втората половина на 2013 година бројот на невработени ќе достигне врв, односно ќе изнесува околу 20 милиони, предвидуваат експертите. Во 2010 година во земјите од еврозоната имало 15,9 милиони луѓе без работа.