1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се покрвав прекин на огнот во Шри Ланка

16 јуни 2006

По крвавиот напад врз еден автобус во Шри Ланка, во кој загинаа најмалку 64 лица, воената авијација на земјата денеска го гаѓа упориштето на тамилските бунтовници во градот Килиночи на север од Шри Ланка.

https://p.dw.com/p/Ae0r
Фотографија: AP

Владата ги обвинува тамилските бутновници дека се одговорни за вчерашниот напад во кој има и десетици повредени. Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Мангала Самаравера изјави:

“Како што знаете владата беше екстремно трпелива и покрај неколку тешки провокации во изминатите шест месеци. Но, кога ќе се случи ваков инцидент мора да преземеме решителна акција со ограничен обем за да се спречат вакви нешта во иднина.“

Бунтовниците најавуваат дека ќе одговорат соодветно на нападите на владата. Прекинот на огнот во Шри Ланка, кој трае од 2002 година, станува се покрвав. Портпарол на набљудувачката мисија во земјата, составена пред се од претставници на скандинавските земји, ги повика двеет страни да се вратат на преговарачка маса.