1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се‘ помоќна власт и се‘ помалку слободно општество

Горан Петрески27 јануари 2009

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на трибината од серијата дијалози за Македонија, посветена на предизвиците на демократијата, анализираше три сценарија за поголем степен на слобода во државата.

https://p.dw.com/p/GhIR
Црвенковски: како до повеќе демократијаФотографија: Petr Stojanovski

Во Македонија има се‘ помалку слободно општество и се помоќна власт, оценува претседателот на државата Бранко Црвенковски. На трибината од серијата дијалози за Македонија посветена на предизвиците на демократијата Црвенковски анализираше три сценарија како да се обезбеди поголем степен на слобода во државата. Првото, кое според шефот на државата е невозможно е власта самата да дозволи поголема демократија. Второто сценарио е да биде притисната од надвор од меѓународниот фактор и третото-да биде притисната од внатре-македонското општество да побара поголема слобода.

На трибината оценките за степенот на демократија и визиите како таа да се развива ги понудија група на интелектуалци професори и новинари.

Во ставовите на учесниците на трибината организирана од претседателот Црвенковски доминираа тезите според кои демократијата во Македонија е во сериозен застој и препораките дека е неоходна широка акција за надминување на кризата.