1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се’ по старо во Грција?

Спирос Москову 17 септември 2007

Граѓаните ја потврдија владата на Грција, но избирачите го предупредија Караманлис и неговите министри - 30 проценти не излегоа на избори. Висок процент за Грција каде гласањето е законска обврска.

https://p.dw.com/p/Bgjy
Костас Караманлис по изборната победаФотографија: AP

Катастрофалните пожари, кои на крајот на август ја зафатија Грција и претворија големи региони од земјата во смет и пепел, во голема мерка ја поштедија конзервативната влада на Неа Демократија на предвремените избори. И покрај малите загуби, владеачката партија и во новиот парламент располага со тесно мнозинство, кое на премиерот Костас Караманлис ќе му овозможи да продолжи со неговите реформи.

Грчкиот „баксуз“ ги надмудри противниците

На средината на август побара нов мандат и тоа го доби, и покрај огненото инферно, кое се исполитизира и се чинеше дека ги потврди неговите противници, кои постојано го нарекуваа „баксуз“. Грчките избирачи, кои во 2004 година по дваесетгодишно владеење на социјалистичкиот Пасок ги донесоа конзервативците на власт, и овојпат им ја подарија својата доверба.

Значи се останува по старо во Грција? Да, но само привремено. 30 проценти од Грците во неделта не излегоа на избирачките локали, значи учество на изборите, кое никогаш не било толку ниско по Втората Светска војна. И тоа беше неспорно последица на вкупно лошиот кризен менаџмент на владата за време на пожарите. Многу Грци беа шокирани и разочарани поради слабата подоготовка на државата на една ваква невидена катастрофа и мораа да доживеат дека фалената импровизациона уметност на нацијата сепак не е доволна, кога станува критично или дури и опасно. Многумина останаа дома намуртени, бидејќи не гледаат политичар, кој би бил во состојба земјата на мистифицирани доблести да ја интегрира во реалноста на Европската унија.

Wahlen in Griechenland
Гласање во ГрцијаФотографија: AP

Папандреу ја пропушти шансата

Социјалистичката опозиција на Пасок под водство на Јоргос Папандреду, син на легендарниот народен волшебник - како што го опишуваат Андреас Папандреу не успеа од националната трагедија во август да направи политички капитал. Кај социјалистите беше премногу очигледен недостатокот од една убедлива алтернатива – како што се однесува до кризниот менаџмент но и за иднината на земјата.

Избирачите го опоменаа Папандреду, а неговата партија изгуби два процента. Меѓупартиските ривали уште во изборната ноќ се јавија за збор. Сега почнува да се тетерави и тронот на Папандреу. Можно е гласањето на избирачите да забрза персонално и содржинско обновување на Пасок, за што Папандреу и покрај ветувањата остана должен.

Вистински победник се помалите партии

Победниците на изборите и исокоистувачите на нерасположението против двата големи матадори се помалите партии, од кои три го надминаа прагот од три процента и влегоа во новиот парламент: старо комунистичкиот ККЕ, левичарската алијанса, но за првпат и националистичката партија Лаос.

Wahlen in Griechenland Plakat
Пасок и Неа Демократија загубија гласовиФотографија: AP

Нивниот влез во парламент не значи постојан притоск во правец на десницата во грчката политика, но ќе се погрижи за непријанти и ксенофобични тонови во Собранието.

Позицијата на помалите партии значи и одредено ослободување на многу избирачи од застарената реторика на двете големи партии. Неа Демократиа и Пасок веќе со години наизменично го определуваат политичкиот живот во Грција. Нивната политика е доста слична, се разликуваат само во нијанси. Но двете големи партии се борат една против друга како да имаат два сосема различни погледи, а не дека двете страни ја застапуваат истата политика. Гласањето на избирачите предупредува на повеќе трезвеност.

Како понатаму?

За неговиот реизбор за подбра иднина Костаст Карамалнилс се залагаше во сенка на огнот. Но како изгледа сегашноста? Прв приоритет на новата влада ќе биде обнова на опустошените региони и регенерација на природата на Пелопонес. Ваков потфат не бара само пари туку и прецизно и консеквентно планирање. Новата влада ќе се мери според ова.

Тимот на Караманлис веќе може да укаже на редица успеси: дефицитот е намален, економскиот развој е четири проценти, намалена е квотата на невработени. Но најголемите предивизици сепак престстојат: борба против корупцијата, санирање на пензионерските каси, реформа на виосоко образовниот систем. Патот до ветената подобра иднина нема да биде лесен.