1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се продлабочува расколот меѓу МПЦ и верниците во Австралија

Горан Петрески17 јули 2006

Нема решение на конфликтот кој трае повеќе од 15 гоидни,деновиве нови обвиненија од двете страни

https://p.dw.com/p/AddE
Фотографија: AP

Македонската православна црква ги зајакнува своите редови регрутирајќи уште еден,11-ти член на Синодот,монахот Иларион стана владика.Во исто време македонската црква трпи нови удари по нејзиниот интегритет-последниот стигна од надвор,од македонските иселеници во Австралија.Нивните претставници минатата недела беа во Македонија.Го обвинија владиката Петар дека со насилство сака да завладее со тамошните цркви,функционирањето на МПЦ во Австралија го условија со негова смена:

-Сметаме дека со назначувањето на новиот митрополит ќе може да се започне нов дијалог,и ќе може да се разгледаат повеќе решенија,но во принцип секое решение треба да биде врз основа на добрата волја и самоопределбата на двете страни,изјави Игор Александров од Здружението на македонските општини во Австралија.

Тоа се група Македонци кои не ја признаваат МПЦ и шират клевети,возврати владиката Петар:

-Самоницијативно се претставуваат дека се претставници на заедницата што всушност не се.

Во негова одбрана застана и архипископот на МПЦ,г.г. Стефан:

-Мислам дека е доста да се обвинуваме едни со други,туку треба да седнеме и да не правиме непотребни обвинувања,зашто проблемот е на австралискиот простор,не овде.

Владиката Петар тврди дека проблемот е финансиски,Здружението од Австралија не сака да и дава отчет на МПЦ како се трошат парите на верниците:

-Ние овој устав го донесуваме и сега четири компании тврдат дека не чини,па треба да го поништуваме заради нив,зашто мислат дека тие треба да раководат со имотите и никој да не ги контролира,а парите ги трошат,ви кажав како.Не може да се прифати дека Епархијата потрошила за една година вкупно 1800 долари за телефонски разговори.Ние им велиме,ако вистински ви станало до единството на МПЦ,елајте си,со имотите нека стојат на вас.

Расколот меѓу МПЦ и Македонците во Австралија трае повеќе од 15 години.