1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се проширува истрагата против Меси за даночно затајување

АМ/макфакс/бета18 јуни 2013

Шпанската даночна управа ќе ја прошири истрагата за затајување данок на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси на периодот од 2007 до 2012 година. Првично случајот се однесуваше само на три години, од 2007 до 2010.

https://p.dw.com/p/18rSu
Фотографија: Reuters

Најновите докази условија поширока истрага. Каталонскиот државен обвинител пред неколку дена го обвини најдобриот фудбалер на светот и неговиот татко Јорге Хорацио за даночни малверзации во 2007, 2008 и 2009 година.

Заради тоа обвинителот Ракел Амадо против таткото и синот Меси поднесе тужба поради даночна измама, односно неплаќање данок на добивка и тоа во износ од четири милиони долари. Најновите информации говорат дека Меси и неговиот татко на судот ќе ги брани адвокатот Кристофер Мартел, еден од најценетите во Барселона.

Меси по секоја цена сака да избегне судење, иако не може да заврши во затвор. Имено, според шпанскиот кривичен закон, Меси во најлош случај би морал да плати парична казна во висина од 10 милиони евра. Фудбалерот се сомничи дека ја оштетил Шпанија за повеќе од четири милиони евра.

Јохан Кројф, поранешниот фудбалер на Барселона, изјави вчера дека Лионел Меси не е виновен и оти нема затајувано данок.

„Дали луѓе навистна мислите дека Меси знае што било за даночниот систем? Исто како и јас, тој не знае ништо за тоа. Доколку постојат какви било прекршоци, Меси не е виновен, туку луѓето кои ги плаќа да се грижат за тоа“, рече Кројф.