1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Се радуваме на финалето“

29 јуни 2009

Германската репрезентација за фудбалери до 21 година денеска (29.06.2009) игра во финалето на Европското фудбалско првенство, што се одржува во Шведска, против екипата на Англија.

https://p.dw.com/p/IdIB
Веќе познат противник-од претходниот меч на двете екипиФотографија: picture-alliance/ dpa

Во полуфиналето, германската селекција, составена главно од фудбалери кои играат во Бундеслигата, а некои веќе настапија и во А-репрезентацијата, ја совлада Шведска со 1 спрема 0. Со Англија, противникот во финалето, Германија веќе играше на ова првенство, во претходната фаза.

„Ние одигравме нерешено против Англија и бевме втори во групата, но мислам дека можеме да ја решиме задачата и веќе му се радуваме на финалето“, вели голманот Мануел Нојер, кој на пoследните средби беше и на голот на А-селекцијата на Германија. Инаку, претходниот дуел против Англија заврши 1 спрема 1, со што Англија го освои првото место во групата, а Германија обезбеди пласман во полуфиналето.

Бразил е победник на Купот на Конфедерациите

Бразил е победник на Купот на Конфедерациите, натпреварување кое беше еден вид генерална проба како за организаторите на наредното светско фудбалско првенство, така и за селекциите кои се подготвуваат за него. Од спортски аспект, изненадување е пласманот на екипата на САД во финалето, во кое дури постигна водство од 2 спрема 0 против Бразил, но не успеа да го одржи и на крајот беше совладана со 3 спрема 2. Потфрли европскиот првак Шпанија, чија рекордна серија од 15 последовни победи и 35 натпревари едноподруго без пораз, беше прекината од Американците, па на крајот како утеха дојде третото место. Селекцијата на домаќинот, Јужноафриканската република е четврта. Љубителите на фудбалот се задоволни, планот е исполнет, и покрај послабиот старт. Но, севкупно, организацијата на Купот на конфедерацијата ветува дека и светското првенство ќе помине во ред и оти скептиците ќе бидат демантирани. А атмосферата во стадионите и градовите каде се играа средбите ветува дури и незаборавен спектакл. Единствената посериозна забелешка се однесува на премногу скапите влезници, недостапни за домашните, воодушевени приврзеници на фудбалот, па Светската фудбалска асоцијација пушти бесплатни влезници.

Confed Cup Brasilien gegen USA
Бразил во финалето играше против САДФотографија: AP

Автор:ЗЈ/ЕМФ/дпа/цдф/дв

Редактор: Жана Ацеска