1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се решава иднината на климата

7 декември 2009

По двегодишни преговори околу нов светски договор за климата, во Копенхаген денеска (07.12.2009) почнува завршната конференција со околу 15.000 учесници од 192 држави. Конференцијата почнува во знак на надеж.

https://p.dw.com/p/KraL
Да не се крие главата во песокот, протестна акција во Брисел како предупредувањеФотографија: AP

Раководителот на секретаријатот на ОН за клима, Иво де Бур пред почетокот на конференцијата предупрди дека индустриските земји и земјите во забрзан подем мора да се обврзат на повеќе работи отколку досега за да може да се сопре глобалното затоплување. „Времето е дојдено“, изјави Де Бур, кој бара секој од учесниците на конференцијата да изнесе конкретни бројки за редукција на ЦО2 до 2020 година.

„Мислам дека на крајот од овие две недели, колку што трае конференцијата, ќе можам да ви покажам документ во кој ќе биде содржано што САД се обврзуваат да сторат до 2020 година, што ЕУ, а што Јапонија. Со други зброви, не е доволно постигнување еден вид паушално решение, во кое нема да биде јасно кој презема одговорност доколку некоја земја не ги исполнува обврските.“


Позитивно ехо за доаѓањето на Обама

Повеќе од сто шефови на држави и влади најавија дека во Копенхаген ќе стигнат во последните два дена од конференцијата. Ваква намера има и американскиот претседател Барак Обама. Најавата на американскиот претседател наиде на позитивно ехо во светот. Раководителот на Програмата на ОН за екологија Ахим Штајнер, вели:

Kühltürme und Schornsteine des RWE-Braunkohlekraftwerks Neurath bei Grevenbroich
Поголема одговорност, помало загадувањеФотографија: picture-alliance/ dpa

„Претседателот Обама рече дека ќе пристигне во Копенхаген доколку е можно да се постигне договор. Ние, како ОН, секогаш велевме дека иако ништо не е гарантирано, светот е подготвен за договор и договор може да биде постигнат во Копенхаген. “

ЕУ треба да биде порешителна

Претходникот на Штајнер, Клаус Тепфер од државите а ЕУ побара зголемување на нивните климатски цели. За весникот „Франкфуртер рундшау“, Тепфер нагласи дека европските земји не смеат веќе да ја поврзуваат со какви било услови целта - до 2020 година штетните издувни гасови да бидат редуцирани за 30 проценти.

Amerika Barack Obama Solar Energie Zentrum
И Обама доаѓа во КопенхагенФотографија: picture-alliance/ dpa

За да дадат знак дека прават нешто во насока на заштита на климата, дел од делегациите во Копенхаген ќе пристигнат со воз. Паралелно со одржувањето на конференцијата, во главниот град на Данска е најавено и одржување демонстрации. За да извршат притисок врз владите за заштита на климата, во повеќе европски градови демонстрации имаше и во текот на викендот.

„Сега е момент да се крене гласот, зашто решенија мора да се донесат. Сакаме да им покажеме на светските лидери дека внимателно следиме што прават“, ги сумира целите на демонстрациите еден од учесниците на протестите во Париз.

Автор: ЕМФ/ТТ/апдв

Редактор: Жана Ацеска