1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се‘ штеди на се‘, само не на оружје!

2 јуни 2010

Меѓународниот Институт за мир „СИПРИ“ од Стокхолм, во годишниот извештај за 2009 година констатира: економската и финансиската криза не предизвика намалување на буџетите за оружје - напротив!

https://p.dw.com/p/Nfhc
Германија трет извозник на оружје, по САД и РусијаФотографија: AP

Ни општата економска криза, ниту празните каси не ги одвратија државите и во 2009 година да одделат уште повеќе пари за вооружување и за војската. СИПРИ вкупниот волумен на воени издатоци во светски рамки го проценува на илјада и петстотини милијарди долари, зголемување од речиси 6 проценти во споредба со 2008 година. На врвот се наоѓаат САД, со зголемување на воениот буџет од 47 милијарди долари, иако ни останатите не заостануваат, како што истакнува Сем Перло Фриман, член на групата истражувачи:

„САД и натаму ја следат стратегијата на апсолутна доминација како обезбедување против сите, па дури и замислени закани. Тоа не се промени ни со американскиот претседател Барак Обама. Земјите во засилен економски развој како Кина, Индија и Бразил ја следат истата логика. Овие држави имаат силен економски развој и се залагаат за силна војска како едно од средствата за остварување на својот интерес.“

Schweden Logo Friedensforschungsinstitut SIPRI

Без илузии во блиска иднина

Срамежливи напредоци на патот кон уништувањето на околу осумте илјади нуклеарни боеви глави СИПРИ согледува во напорите на Барак Обама за постигнување сеопфатен договор за разоружување и негово неширење. Но, претерани надежи не се можни со оглед на однесувањето на Северна Кореја, Иран, како и меѓународните најопасни конфликти, мисијата на сојузниците против талибанците во Авганистан, нагласува аналитичарот на СИПРИ Тим Фоксли:

„Ако ги погледнете борбите, логично е прашањето што воопшто е постигнато во последните речиси 10 години. Таму се испраќаат се‘ повеќе војници, стратегијата се менува на секои 12 месеци. Многу земји се преоптоварени со комклексноста на операцијата, Холанѓаните и Канаѓаните еднострано најавија повлекување.“

А во ваква ситуација концерните за производство оружје задоволно ги тријат рацете. 2009 година за нив беше деловно одлична. По САД и Русија, патем, Германија е трет извозник на оружје во светот, и покрај економскте проблеми.

Автор: Александар Буде/ Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска