1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиетл го декласира Денвер во Супербоулот

ЕМФ/макфакс/дв3 февруари 2014

Екипата на Сиетл Сихокс го освои 48-от Супербоул и за прв пат во својата историја стана шампион на американската фудбалска лига (NFL), откако во неделата кон понеделникот убедливо го совлада Денвер Бронкос со 43:8.

https://p.dw.com/p/1B1mm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сиетл, кој имаше најдобра одбрана во текот на сезоната, го декласираше тимот на Денвер кој, пак, имаше најдобар напад во лигата и важеше за благ фаворит пред мечот. Гранитната одбрана на Сиетл успеа да го неутрализира квотербекот на Денвер, Пејтон Менинг, кој претходно беше прогласен за МВП на сезоната.

Од самиот почеток на мечот Сиетл воспостави доминација и на полувреме замина со предност од неверојатни 22:0. Екипата на Сиетл прикажа извонредна тимска партија, под команда на неискусниот, но импресивен квотербек Расел Вилсон, кој со 25 години стана најмладиот квотербек кој го освоил Супербоулот. Ова беше негова втора сезона во NFL. За играч на натпреварот беше избран дефанзивецот Малком Смит

Super Bowl 2014: Halftime Show
Бруно Марс и Ред Хот Чили Пеперс ја забавуваа публиката на полувреметоФотографија: Getty Images

Супербоулот го следеа 82.500 гледачи на стадионот и околу 800 милиони гледачи пред малите екрани ширум светот.