1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен земјотрес во Кина

12 мај 2008

Се стравува дека во силниот земјотрес кој денеска ја погоди Кина бројката на жртви може да порасне до неколку ијади. Се уште многу луѓе се наоѓаат под урнатините, а голем дел од погодениот регион е недостапен.

https://p.dw.com/p/DyXe
Багерите расчистуваат урната зградаФотографија: AP

Земјотресот имал јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот му е во провинцијата Сечуан каде некои региони се целосно одсечени. Улиците се непроодни јавуваат локалните власти, а во прекин се и телефонските врски. Дописнокот на државната телевизија јави:

„Немаме контакти со Вечуан, местото во кое беше епицентарот на потресот. Ситуацијата таму е нејасна“.

Армијата се вклучи во спасувачката акција

Војската со хеликоптери ги надлетува погодените региони за да ја утврди ситуацијата. Од Пекинг е испратен специјален тим за помош при земјотреси, а во спасувачките акции е вклучена и армијата. Агенциите постојано јавуваат за нови загинати, но се стравува дека бројката може да биде многу поголема бидејќи неколку илјади луѓе се затрупани под урнатините. Можно е голем дел од жртвите да се ученици, бидејќи во потресот колабирале неколку училишни згради.

Потресот се почуствувал и во Пекинг

Erdbeben in China Beijing
Поради потресот многу луѓе во Пекинг излегоа на улицитеФотографија: AP

Еден очевидец од главниот град за СиЕнЕн изјави:

„Бевме на 15 кат и зградата почна многу да се тресе, поради што избегавме. Сепак немаше никаква штета, ниту повредени“.

Кинескиот премиер Вен Џијабао, кој веќе е на местото на несреќата изјави дека е ова огромна катастрофа и го повика населението на смиреност. Претседателот Ху Џингтао нареди итно да се достави помош за настраданите.