1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен земјотрес во југоисточна Азија

29 март 2005

Три месеци по цунами катастрофата во Азија, силен земјотрес со јачина од 8,7 степени според рихтеровата скала вчера попладне според средноевропско време го погоди јужноазиското крајбрежје. Се страхува дека земјотресот со епицентар во морето во близина на Суматра, однел околу 2000 жртви. Потресот предиѕвика голема паника и страв од нови цунами бранови во тој регион.

https://p.dw.com/p/AcGS
Епицентарот на земјотресот кај Суматра
Епицентарот на земјотресот кај СуматраФотографија: APTN

Околу 300 жители на индонеЗискиот остров Нијас загинаа во земјотресот што вчера попладнето го потресе северниот дел на Островот Суматра. Локалните власти соопштија дека во потресот се уништени околу 70 проценти од куќите и зградите во трговската област на Нијас, а многу луѓе се уште се заробени во урнатините.

Медиумите шпекулираат со околу 2000 жртви и во другите делови на јужноазиското крајбрежје.

Предупредувањата од цунами, кои вчера попладне беа објавени во Шри Ланка, Индија и Малезија, веќе не важат бидејќи нема никакви знаци дека силниот земјотрес во Индонезија повторно би предиѕвикал големи бранови во тој дел на Азија.

По земјотресот што на 26 декември минатата година ја погоди југоисточна Азија и однесе над 300 илјади животи со цунами брановите што следеа, вчерашниот потрес ги испаничи луѓето и тие се евакуираа од регионот, но метеоролошките служби од Шри Ланка соопштија дека жителите на крајбрежните подрачја можат да се вратат во своите домови, затоа што нема никакви знаци за невообичаено одбесување на водите од Индискиот океан.

Илјадници луѓе од Шри Ланка и другите крајбрежни региони, вчера, веднаш по предупредувањето, избегаа неколку километри во внатрешноста на земјата.

,, Владее голема паника. Луѓето се обидуваат, колку што можат побргу, да се оддалечат од брегот. Луѓето навистина се плашат, дека би можело да се повтори поплавата од цунамите 26 декември, предизвикана од цунамите,, извести вчера Мориц Клајне Броков, дописникот на Дојче Веле од Индонезија.

Министерот за надворешни рабити од Шри Ланка, Лакашман Кадиргамар, посочи дека властите ги преземале сите мерки на претпазливост.

,, Можеме да се потпреме на она што го кажуваат луѓето кои се надлежно кога станува збор за вакви работи. Американскиот амбасадор телефонски ме повика и ми соопшти дека доколку има цунами, тие ќе се упатат веројатно кон Маурициус,, рече Кардигамар еден час по предупредувањето.

И ОН беа на штрек:

,, Таков земјотрес може да предиѕвика цунами, но се уште немаме таков извештај. Како и да е, овој земјотрес се случи среде ноќ, но ние ќе направиме се што е во рамките на можностите за да ги санираме последиците, , рече претставникот на Светската органиѕација Јан Егеланд.

На локалното население во Азија сепак му е соопштено уште неколку часа внимателно да ја следи ситуацијата.