1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен импулс за Македонија

Горан Петрески30 ноември 2006

Македонија не престанува да ја прославува пораката од самитот во Рига,дека Македонија Хрватска и Албанија можат да сметаат на покана за членство во 2008-та.

https://p.dw.com/p/Adag

Благодарност до НАТО и до сите досегашни влади и државни функционери особено до екс претседателот Борис Трајковски за ангажманот и поддршката Македонија да стане полноправна членка на Алијансата. Се огласи премиерот Никола Груевски и освен благодарност ја изнесе и следнава оценка

„Тоа ќе биде силен мпулс и за нас како држава,ќе биде силен импулс и за инвеститорите,за зајакнување на безбедноста во земјата и во регионот,и за оневозможување на било кои радикални групации да имаат соништа онакви какви што тие ги имаат.Свесни сме дека ние во меѓувреме како влада и како земја треб ада си ги исполниме домашните задачи и не очекуваме подарок,туку очекуваме дека она што ќе го добиеме во 2008 година ќе биде заслужено.“

Министерот за одбрана Лазар Еленовски негираше дека националните рестрикции што ги усвои Владата десетина дена пред самитот во Рига ги доведуваат во опасност македонските војници што учестувааат во мировните мисии. Дека и македонските мировници во Ирак и во Авганистан многу поактивно ќе учестуваат во борбените активности за разлика од досега.

„Било какви шпекулации дека ќе бидат упатени на југ каде што се кризните региони,не е точна,ја договараме новата ротација со нашите сојузници да биде опфатена со истите задачи и со истите цели.Значи,обезбедување на Главната команда во ИСАФ.“

Македонија во Ирак има испратено еден вод од 40 војници на специјалната единица, а во Авганистан 120 шкорпиони и леопарди од пешадиската бригада и неколкумина медицинари.