1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Симболичен ден, Меркел во посета на Москва

Krause, Hermann / Moskau (WDR)9 март 2008

Ангела Меркел е првиот странски државник и шеф на влада која разговараше со стариот и идниот претседател на Русија, Владимир Путин и Димитри Медведев. Дали е тоа почеток на пријателска соработка? Херман Краузе коментира

https://p.dw.com/p/DLP9
Ангела Меркел и Дмитри МедведевФотографија: AP
Тоа беше симболичен ден. Ангела Меркел најпрвин се сретна со престедателот во заминување Владимир Путин во неговата службена резиденција а подоцна и со идниот шеф на државата, Димитри Медведев во еден замок. Едниот обележан со печатот на поранешен член на КГБ, како што и самиот Путин призна, вториот, наводен либерал.


Путин повторно ја искористи можноста да му префрли на НАТО дека сака да ги замени ОН. Тешко обвинување. За Русија исто така е голем проблем тоа што САД сакаат да го прошират НАТО кон Исток. Меѓутоа таквите хегемонистички стремежи на Вашингтон имаат малку врска со ОН.


Најважната работа во денот беше тоа што Ангела Меркел како прв странски државник и шеф на влада, дојде да го запознае новиот прв човек во Кремљ и да се поздрави со стариот. Меѓутоа   оваа  посета во ниеден случај не беше посета на разделба. Многу повеќе, Путин јасно даде до знаење дека како иден премиер и натаму ќе остане активен во обликувањето на руската политика. Факт, кој Ангела Меркел како реален политичар, мора да го прифати, иако повеќе спротивно на нејзината воља.


На идните самити ЕУ-Русија тие повторно ќе се среќаваат изјави таа, а и онака ќе се остане во контакт. Сепак од мај со Русија ќе владее нов претседател. Прашањето е колку е тој силен и дали може да се раздели од Путин


На попладневната средба Медведев повеќепати се повика на Путин, но според гестикулациите и држењето можеше да се почувствува нов почеток. Наспроти канцеларката Меркел веќе не седеше поранешен шеф на КГБ, кој делуваше студено, туку еден сосема нов човек, кој што очигледно се напрегаше да создаде добра атмосфера.


Меркел, која повеќепати пред Путин настапуваше од критичка дистанца, пред Медведев зборуваше за претстојна пријателска соработка. Формулација која не ја употреби на разговорите со Путин. Таму стана збор само за стратегиско партнерство.


Меѓутоа Медведев не треба да се мери по неговата насмевка, туку по прашањето, кое посебно го загрижува западот. На пример, како ќе се однесува кон слободата на печатот? Дали и тој ќе ги тепа опозицонерите? Дали ќе инсталира независно судство? Дали ќе го помилува основачот на Јукос Концернот, Михаил Ходорковски, кој веќе четири години е во затвор? Ова може да биде негов прв јасен знак од функцијата претседател. Се разбира дека Путин со тоа не би се согласил, но Медведев некогаш ќе мора да се раздели од својот ментор и да покаже сопствен профил. Во спротивно во странство но пред се нема да биде сватен сериозно. Зашто токму во Русија само силен претседател е добар претседател.