1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Симболи на ГДР во Берлин

Н. Зигмунд/Б. Георгиевски6 февруари 2014

Низ центарот на германската престолнина туристите се преплавени со симболи на поранешната комунистичка држава. Иако на граѓаните тоа не им пречи, дел од интелектуалците се жалат дека на овој начин се слави една диктатура

https://p.dw.com/p/1AxhX

Потсдамер плац во Берлин, некогашното гранично подрачје во поделена Германија. И 25 години по падот на Берлинскиот ѕид, ГДР тука не е целосно заборавена. Во пасошите на туристите од целиот свет се ставаат печати од поранешната држава. Стотина метри понатаму, кај Бранденбуршката порта, забава со ГДР симболи. Речиси никој не се противи на тоа.

„Доколку некој е заинтересиран самиот може да се информира и потоа да си изгради слика. Тоа има и образовна функција. Подобро е да се објасни, отколку да се држи во тајност“.

„Намира можете да се потсетите дека тука се случувало и нешто друго“.

„Не мислам дека се угнетувачи - тоа е историја, минато и може мирно да се следи“, велат граѓаните кои ги затекнавме на плоштадот.

Но, првиот човек на Музејот во поранешниот затвор на тајната служба не ги смета за забавни симболите на ГДР. Тој би ги забранил од почит кон жртвите на поранешниот комунистички режим.

„Каква порака сакаме да испратиме во странство кога во Берлин маршираат луѓе со знамиња на ГДР или продаваат униформи? Треба на младите генерации да им објасниме дека има разлика меѓу демократија и диктатура, и дека диктатурите воопшто не се забавни“, вели Хубертус Кнабе, директор на Музејот на Штази.

Ostalgie-Souvenirs
Фотографија: picture-alliance/dpa

Но дали и симболите од ГДР треба да се забранат, како и оние на нацизмот?

„Со право ги забранивме нацистичките симболи. Тоа беше злосторнички систем поради кој настрадаа милиони Евреи и други луѓе ширум светот. ГДР беше груба и непријатна диктатура, но таа не може да се израмнува со нацизмот и со нацистичките злосторства“, вели Волфганг Тирзе, поранешен претседател на германскиот Бундестаг.

Во меѓувреме во Берлин продолжува растечката трговија со старите симболи од ГДР.