1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Синдикатот на металците се заканува со штрајк

1 февруари 2006

Коментар на Ролф Венкел

https://p.dw.com/p/AeMm

Бројот невработени, патем, би можел и натаму да расте до колку ескалира судирот меѓу синдикатот на металската индустрија и работодавачите во фирмите од оваа индустриска гранка.

Синдикатот бара зголемување на платите за 3,4 милиони вработени во претстојните тарифни договори. Сојузот на работодавачите напротив, предлага 1,2 насто и се заканува со префрлување на фабриките во земјите каде трошоците за плати се пониски. Синдикатот се закани со предупредувачки штрајк за почетокот на март.

Со години работодавачите ни раскажуваат:„Трошоците на домашното приозводство веќе не се во поднослив сооднос со цените на светскиот пазар. Мораме да ги намалиме. Најголемиот проблем во Германија се високите трошоци за плати и додатоци„.

Ова кредо со години се повторува како заповед се додека ние вистина не поверуваме: проблемот се високите плати и високите социјални трошоци. Меѓутоа, вистината изгледа поинаку. За економски успех не се решавачки трошоците за плати, туку односот меѓу платите и произведената стока – значи продуктивноста. А, во Германија таа е во постојан пораст. Тоа доведува до поголема конкурентност на светскиот пазар и до тоа Германија да е светски првак во извозот, па фирмите секоја година бележат се поголем профит. Што имаат вработените од тоа? Во минатата година платите пораснаа само за 1,3 проценти, а цените за 2. Тоа значи реален пад на куповната моќ за 0,7 насто. Со други зборови: тие имаат се помалку пари во џебот. Истовремено, постојано им се закануваат со селење на на работните места во странство. Од нив се бара делумно сами да го плаќаат пензиското осигурување, поради напрегнатоста на социјалните системи. Дали тогаш е чудно што конјунктурата не заздравува?

Со години се проповеда штедење и стегање. Тоа беше успешно - но за џебовите на берзанските шпекуланти. Поради тоа е чудно што некој се чуди оти синдикатите го прават она за што се основани: имено, да ги штитат интересите на вработените. Меѓу другото и кога станува збор за нивните примања!

Ролф Венкел