1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириската опозиција бара помош

АТ/ дпа/ртр/ дв30 мај 2013

Состојбата во опколениот сириски град Кусаир се влошува. Опозицијата го повика Црвениот крст да им помогне на повредените. Сирискиот претседател објави дека пристигнале руските ракети.

https://p.dw.com/p/18hMd
Фотографија: AFP/Getty Images

Претседателот на Сирија Башар ел Асад смета дека неговите трупи во борбите со бунтовниците во меѓувреме ја презеле превласта. Односот на силите се поместил комплетно во корист на армијата, изјавил Асад во снимено телевизиско интервју, од кое цитати однапред објави либанскиот весник „Ал Акбар“. За тоа придонеле и модерните руски ракети за против-воздушна одбрана од типот С-300. Првата испорака на руски ракети за Сирија веќе пристигнала, откако Москва претходно ја најави испораката. Ова наиде на жестока критика во САД, Франција и Израел.

Bashar al-Assad
Башар ел АсадФотографија: Reuters

Сириските бунтовници во градот Кусаир каде се водат жестоки борби во меѓувреме испратија драматичен повик за помош. Националната сириска коалиција во Истанбул соопшти дека во тешко оштетениот град недостасуваат лекари, санитетски работници и прва помош.

Со оглед на офанзивата на владините трупи и шиитските Хезболах- милиции било невозможно да се евакуираат стотици повредени или да им се пружи медицинска помош однадвор, соопштија акивисти од градот на границата кон Либан. Кусаир стана централно место на борбите во граѓанската војна, бидејќи таму либанскиот Хезболах отворено се вклучи во војната.