1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириската опозиција избра свештено лице за свој лидер

С. Недевски/дв12 ноември 2012

Противниците на режимот во Сирија за шеф на нивниот новооснован опозициски блок избраа умерен исламски свештеник. Имамот во Дамаск, Ахмед Муас ал Катиб неколкупати бил апсен поради критики кон претседателот Асад.

https://p.dw.com/p/16h0N
Фотографија: Reuters

По еднонеделните преговори во главниот град на Катар , Доха, претставниците на различните опозициски групи го прогласија свештеникот од Дамаск, Ахмед Муас ал Катиб за претседател на т.н „Национална коалиција“. Ова ново тело во иднина треба да ги застапува интересите на целокупната сириска опозиција и по соборувањето од власт на претседателот Башарл Асад би требало да ја оформи преодната влада. Сириската национална коалција е составена од опозициски групации од и надвор од Сирија. Американски дипломати и функционери од Катар во чија престолнина се одржа состанокот, која ги финансира бунтовниците во Сирија минатата седмица ги поттикнуваа опозициските групи да постигнат меѓусебен договор. Катар инаку ја води главната дипломатска војна против сирискиот претседател Асад во арапскиот свет. Сирискиот национален совет (SNC) во изминатата година беше главната опозициска група надвор од Сирија, но ја загуби довербата на Вашингтон и другите сили кои го сакаат соборувањето на Асад и ја сметаат за неефикасна и поделена поради лични судири.

Во бунтот против Асад започна во март минатата година досега според податоците на активистите за човекови права загинале речиси 40 илјади луѓе.