1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириските бунтовници договараат преодна влада

СН/БГ/дпа/ртр/миа3 ноември 2012

И покрај фактот дека сирискиот претседател Башар ал Асад се’ уште не е соборен од власт, претставници на сириската опозиција веќе дискутираат за формирање преодна влада во земјата

https://p.dw.com/p/16cFS
Фотографија: Javier Manzano/AFP/Getty Images

На разговорите кои се оддржуваат во главниот град на Јордан, Аман, повика поранешниот сириски премиер Ријад Хиџаб, кој сега е еден од лидерите на опозицијата. Состанокот во Аман треба да послужи како подготовка за големата конференција на сириската опозиција која наредната среда се оддржува во Доха, главниот град на Катар, соопшти портпаролот на Хиџаб во Аман. на конференцијата во Доха имено треба да бидат поставени темелите за обединување на опозициските групи во Сирија , во заедничка организација која би била меѓународно призната.

САД притискаат за обединување на опозицијата

Хиџаб во август од Дамаск пребега во Јордан. Се верува дека тој има амбиции да го предводи обединетиот опозициски фронт на Сирија. САД притискаат за што побрзо обединување на опозициските групи во Сирија во заедничка групација од која меѓутоа би биле исклучени радикалните исламисти.

Инаку во меѓувреме сириските бунтовници јавија дека рано изутрината извршиле голема офанзива за заземање на клучната воено-воздухопловна база во северниот дел на земјата.

Syrien Kämpfe in Haram
Фотографија: Reuters

Видеоснимката, која ја објавија на интернет, прикажува сириски бунтовници како ја напаѓаат базата Тафтаназ во обидот за воспоставување на контрола врз стратешката зона меѓу двата најголеми градови во Сирија, Алепо и Дамаск.

Во нападот, кој се случува еден ден пред клучната средба на сириската опозиција во Доха, учествувале пет бригади на Слободната сириската армија. На снимката се гледа дека во нападот освен припадниците на Слободната сириска армија, учествуваат и борци од радикалниот исламистички фронт Ал Нусра.

Силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад изминатиот период ги интензивираат воздушните напади врз областите, кои се под контрола на бунтовиците.