1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирија – избори

23 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBU

Во Сирија денеска завршуваат вчера почнатите парламентарни избори. Право на глас имаат околу 12 милиони граѓани. За партијата Баат на претседателот Башар ал Асад со закон однапред се резервирани 131 од вкупно 250 мандати. На тој начин, заедно со коалиционите партнери, партијата има дво-третинско мнозинство во парламентот. Опозицијата ги бојкотира изборите.