1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирија: Ослободени се киднапираните сини шлемови

ЕМФ/ард/ртр9 март 2013

Сите филипински војници, припадници на сините шлемови на ОН, кои беа грабнати од страна на сириските бунтовници, се ослободени. Тие се веќе префрлени во Јордан.

https://p.dw.com/p/17uIn
Фотографија: REUTERS

Набљудувачите на ОН, 21 на број, беа киднапирани во средата (06.03), во сириската провинција Дараа, недалеку од Голанската висорамнина. Филипинските војници се дел од мисијата УНДОФ, која го набљудува прекинот на огнот меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина.

Претходно, пропадна еден термни за ослободување на војниците, поради тоа што селото Џамла, каде што сириските бунтовници ги држеа сините шлемови, беше постојано под оган. Шефот на мировните сили на ОН Херве Ладсус изјави дека сите војници се добро и не се повредени.

Групата филипински војници беше во рацете на таканаречената Јармук-бригада, која бараше повлекување на сириските владини сили од регионот и крај на воздушните напади. Поради киднапирањето, бунтовниците на Јармук бригадата, кои се одговорни за тоа, беа жестоко критикувани од страна на останатите членови на сириското опозиционо движење. Киднапирањето ги разгоре стравувањата дека сириската граѓанска војна би можела да се прелее на соседните земји.