1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирија подготвена за разговори со Брахими

Елизабета М. Фиданоска /дв/дапд/афп3 септември 2012

Сириската влада наскоро во Дамаск го очекува новиот специјален претставник на ОН и Арапската лига Лакдар Брахими. Мора да се „слушнеме“, рече портпарол на сириското министерство за надворешни работи.

https://p.dw.com/p/162Q1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Портпаролот на сириското министерство за надворешни работи Џихад Макдиси во изјава за либанската телевизија НБН, покрај најавата за посетата на Брахими на Дамаск, рече и дека меѓународната заедница е одговорна за пролевањето крв во земјата. Причините за неуспехот на мисијата на претходникот на Брахими, Кофи Анан, не лежат кај Сирија, туку во „недостигот на консензус во меѓународната заедница“.

Лакдар Брахими по преземањето на мандатот специјален пратеник, во текот на викендот (01/02.09) предупреди дека не треба да се имаат преголеми очекувања. За телевизијата Ал Џазира тој рече дека ќе разговара со сите страни во конфликтот.

Symbolbild Syrien Annan Friedensplan
Сирија сака да го „слушне“ БрахимиФотографија: AP

Според оценката на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, пратеникот за Сирија не треба да се мери според неговиот претходник. За првата германска телевизија - АРД, Вестервеле нагласи дека радиусот на дејствување на Брахими е уште поограничен отколку на Кофи Анан. Шефот на германската дипломатија рече:

„ Според наш агол на гледање, Асад отиде предалеку со насилството и мислам дека е важно да го отвори патот за нови избори. Тоа е истовремено и апел до опозицијата - да не се ориентира само против Асад и неговиот режим, туку да постигне и единство околу демократијата, правната држава и верскиот плурализам.“

Botschafterkonferenz Berlin 2012
Гидо Вестервеле ја повикува сириската опозиција на единственостФотографија: DW

Германската влада има намера да и‘ помогне на сириската опозиција во разработката на концепти за економијата во времето по завршувањето на конфликтот. „Зиддојче цајтунг“ денеска (03.09) пишува дека во текот на утрешниот ден претставници на сириската опозиција ќе учествуваат на меѓународна средба за обнова на Сирија во министерството за надворешни работи во Берлин.

„Во сириската опозиција има многу умни и конструктивни сили. Се разбира, не сите опозициони сили се такви за да сакаме соработка со нив. Не се работи само за тоа земјата да се ослободи од режимот на Асад, туку и да се овозможи демократски нов почеток, во кој ќе има респект и кон припадниците на останатите верски заедници. Ова го велам со оглед на загриженоста на многу христијани во земјата“, рече Вестервеле за АРД.

Syrien Massaker
Само минатата недела најмалку 1.600 загинати, тврди УНИЦЕФФотографија: Reuters

Додека светот за обидува да најде решение, во Сирија борбите продолжуваат со несмалено темпо. Бунтовниците го опколија градот Харем во близина на границата со Турција и се обидуваат да ги стават под контрола воздухопловните бази на владините сили. Според податоци на УНИЦЕФ, само минатата недела, во Сирија животот го загубиле најмалку 1.600 лица.