1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сирија се заканува со одмазда

АТ/ дпа/ афп/ ртр/ апд1 февруари 2013

По израелскиот воздушен напад врз сириска територија владата во Дамаск се закани со противудари. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика двете страни да одбегнат ескалација.

https://p.dw.com/p/17WBJ
Фотографија: Getty Images

По нападот на израелски борбени авиони врз цели во Сирија дополнително се заостри затегнатоста во регионот. Сирискиот амбасадор во Либан, Али Абдул Карим Али соопшти дека постои опција за противнапад. Владата во Дамаск во писмо до ОН соопшти дека Сирија „има право да ја брани својата територија и својот суверенитет“ и да ги повика на одговорност Израел и неговите поддржувачи. Иран, најголемиот сојузник на Сирија на Блискиот Исток му се закани на Израел со консеквенции, без да прецизира какви. Русија која исто така претставува потпора за режимот на Асад се изјасни дека тоа било „неоснован напад врз цели на територија на една суверена држава.“

Според медиумски извештаи од САД израелските борбени авиони нападнале конвој возила кој требало да транспортира оружје за радикално-исламистичките Хезболах милиции. Станувало збор за ракети за против-воздушна одбрана со кои Хезболах би можел да собори израелски хиликоптери и авиони, се вели од безбедносни кругови во регионот. Наспроти ова сириските државни медиуми објавија дека нападот бил врз истаржувачки центар во близина на Дамаск. Две лица биле убиени, додека петмина биле ранети. Израелската влада официјално не се произнесе за овие извештаи. Меѓутоа ова е во согласност со долгогодишната практика на Израел, да не признава дури и очигледни напади.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази „длабока загриженост“ околу информациите за напади врз изралеската војска. Портпарол во Њујорк соопшти дека Бан ги повикува сите страни да одбегнат затегнување и ескалација на ситуацијата во регионот. Освен ова би морал да се почитува „територијалниот интегритет како и суверенитетот на сите земји во регионот“. Исто така и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле повика на деескалација.

Ban Ki-moon in der Türkei
Генералниот секретар на ОН Бан Ки МунФотографија: AFP/Getty Images

Оружје за сириските бунтовници?

На советувањата на министрите за надворешни работи на ЕУ за состојбата во Сирија Велика Британија, Франција и Италија, според дописнички информации, се изјасниле за тоа ембаргото за оружје за Сирија кое истекува на крајот на февруари да не биде продолжено во сегашната форма. Во моментов ембаргото важи како за владата така и за бунтовниците. За продолжување потребна е едногласност на ЕУ министрите. Доколку тоа не биде постигнато во иднина ќе се овозможи испорака на оружје од Европа за бунтовниците во Сирија.