1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиромашни нема - ако така вели Владата!

АТ/ АШ/ аг29 ноември 2012

Секои четири години германската Сојузна влада го објавува Извештајот за сиромаштија во земјата. На новиот извештај се работи во моментов - медиумите открија дека во тој процес исчезнуваат критични и јасни реченици.

https://p.dw.com/p/16shX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Станува збор за официјална, владина студија за распределба на имот меѓу граѓаните на Германија, напишана од стручњаци по налог на Министерството за труд. Меѓутоа медиумите открија дека во овој, четврт таков извештај, се случуаваат чудни работи. Имено првиот нацрт извештај, кој го изработија стручњаците беше готов уште во средината на септември и од тогаш минува низ други министерства, за по потреба да биде дополнет. Новинарите на весникот „Зиддојче цајтунг“ и „Мителдојче цајтунг“ стигнаа до актуелниот, се’ уште неофицијален извештај и утврдија дека тој битно се разликува од првичното издание.

Имено во „новиот“ Извештај за сиромаштијата целосно се исфрлени забелешките за се’ поголеми разлики меѓу најниските и највисоките приходи во Германија. Реченицата „приватниот имот во Германија е многу нерамномерно распределен“ едноставно веќе не постои, а исфрлени се констатациите дека се’ повеќе растат приходите на оние кои и претходно заработуваа многу и дека се’ помалку заработуваат оние кои примаа минимален надомест. Исчезнаа и критиките за можна политичка конотација на тој процес: како во Германија „се чувствува повреда на чувството на праведност“ во економските односи и како тоа би можело да биде „опасност за општествената солидарност“.

Wirtschaftsministerium lehnt von der Leyens Armutsbericht ab
Министерството за економија не е согласно со Извештајот за сиромаштија на министерката за труд Фон дер ЛајенФотографија: dapd

Особено е карактеристична мутацијата на сосема конкретни и точни констатации: „Се’ на се’, 2010 година во Германија повеќе од четири милиони лица работеа за бруто- сатница под седум евра“ (значи без платено социјално и пензиско осигурување). Наместо тоа, одеднаш се роди реченица дека „во долниот сегмент на приходите се појавиле многу работи со полно работно време“ - без да се каже колку заработуваат тие луѓе.

Armut Deutschland Armutsgefährdung Symbolbild
„Полно работно време“ - звучи добро но никаде не се кажува дали заработеното е доволно да се преживееФотографија: picture-alliance/dpa

Владата на канцеларката Меркел со „пореметен однос кон стварноста“

Ова откритие на германските медиуми за „фризирање“ на извештајот на Сојузната влада предизвика бурни реакции, особено кај опозиционите политичари. Пратениците од СПД ја обвинуваат владата на канцеларката Меркел за „игнорантен“ однос, а министерката за финансии на покраината Шлесвиг Холштајн Моника Хајнолд од Зелените говори за „пореметен однос на германската влада кон стварноста“.

Политичарите се уверени дека за оваа опасна мутација на извештајот пред се’ е виновно Министерството за економија на чие чело се наоѓа Либералот Филип Реслер. Тој и порано интервенираше во извештаите за сиромаштијата во Германија, бидејќи стравувал дека така би можело да се протолкува дека Германија тежни кон воведување данок на имот. Затоа од министерството се вели дека „нацрт извештајот“ не е усогласен меѓу сите министерства и дека тоа „не е мислење на Владата на Германија“.

Политичарот од редовите на социјалдемократите Хубертус Хајл вели дека од Либералите не може да се очекува друго „туку да ја игнорираат реалноста, но и дека министерката за труд Фон дер Лајен и канцеларката Меркел ја играат таа валкана игра, тоа покажува како христијано-демократите изгубиле секаков допир со социјалните слоеви на ова општество“. Хајл затоа предупредува, дури и ако се бришат реченици од извештајот тоа не ја менува стварноста: „во Германија реалноста е се’ понеправедна поделба на приходите и имотот, се’ повеќе несигурност за вработените и се’ помалку изгледи за искачување по социјалната скала“.

Luxus-Resorts Hängematte am Strand Südsee
Извештјот констатира дека приходите на богатите и натаму растат и ја загрозуваат социјалната солидарностФотографија: Fotolia/K. Fitts

Генералната секретарка на социјалдемократите Андреа Налес предупредува дека од влада која „ја брише реланоста“ не може да се очекува да води праведна политика. Уште поостар беше политичарот од Зелените Маркус Курт кој вели дека „никогаш досега во историјата на Сојузна Република Германија (...) не се посегнало така бесрамно и манипулативно по факти“ како што е тоа во овој Извештајот за сиромаштијата на владата на канцеларката Меркел.

По оваа вистинска бура реакции од опозицијата, се огласи еден портпарол на Министерствотот за труд. Тој го оспори откритието на германските медиуми за бришење на поединечни реченици и потврди дека имало „одредени желби за промени“. Но додаде дека тоа е „нормална постапка на усогласување меѓу министерствата“ и дека работата на извештајот се’ уште не е завршена, но дека е желба на Владата да биде објавен уште годинава.