1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиромаштијата во САД

25 август 2004

Во дебатата за реформата на пазарот за работа САД многу често се посочуваат како пример. Се вели дека таму флексибилното работното време , помалата заштита од откази, како и помалите плати водат кон економски пораст и повеќе работни места. Точно е дека невработеноста во САД е помала, но само една, две или дури три работи за многумина едвај се доволни да не водат живот без сиромаштија.

https://p.dw.com/p/AeQP
Капки дожд или солзи на американското знаме?
Капки дожд или солзи на американското знаме?Фотографија: AP

Таканаречаната “работна сиромаштија“ исто така е дел од американскиот економски систем.

“Што можам да направам за вас“?

“Еднаш број десет и една пепси-кола“.

Печени делови од пилиња, бргу средени, бргу лиферувани и бргу предадени во автомобилот. Секојдневје во таканаречениот дравј-тру-шелтер во синџирот киосци “Кентаки фрид чикен“. За непреченото одвивање зад тезгата се грижи цела група необразувани, повремено вработени и платени. Во овој синџир се добиваат 6,25 долари на час, скоро долар повеќе од законската најниска плата. Но, за тоа мора крваво да се работи, вели Маршал Кокс:

“Овде се печките, скоро 200 степени, а сето околу, уште 80 степени. Почнуваш и самиот да се печеш. Грбот постојано боли, бидејќи мораат да се креваат кутии и така. А, од постојаното пискање на апаратите добиваш главоболка“.

Маршал Кокс има 24 години и со тоа и припаѓа на онаа половина луѓе кои ваквите бедно платени работни места наречени уште “Мекџоб“ само повремено ги работат, образованието и изгледите за постојана плата ги оставаат за подоцна. Бренда Арнхолд одамна се откажа од таквите надежи. 43-годишната живее со своето семејство во населба во предградието на Балтимор. Работи на градење улици, добива 13 долари на час, нејзиниот сопруг исто така заработува. Заедно скоро доволно:

“Наш е оној бел автомобил надвор. Стар е 14 години и бојата е веќе распукана. А, ние работиме. Никогаш не сум имала кредитна картичка. Но не водиме расипнички живот, нема шанса“.

Околу една четвртина од вработените во САД и припаѓаат на таканаречената “работна сиромаштија“, што значи целосно работно време, мизерна плата од околу 19 илјади долари годишно. Сите трагаат по дополнителна работа, пакуваат во супер-маркети, печат хамбургери или чистат некаде. Штедат за неопходното: храна, облека или здравстевно осигурување. Медицинска итност или проблеми со автомобилот директно водат во банкрот.

Платите во САД во изминатото полугодие скоро непрекинато опаѓаа. Јазот меѓу сиромашните и богатите е се подлабок, тврди Џарид Бернштајн од економско-политичкиот институт во Вашингтон:

“Сосем сеедно според кој индекс се мери сиромаштијата, таа стана полоша. Имаме пораст без нови работни места, невидено во историјата што значи загуба на работно место. Тоа е еден од проблемите што ќе мораме да го решиме“.

Социјалната мрежа за “работната сиромаштија“ е исклучително мала. Семејства со деца можат да бараат таканаречени “маркици за храна“ и веќе според сојузната држава, и помош во готови пари. Вакви средства можат да се добиваат маскимум пет години во животот. А, подобрување нема на повидок. Вашингтон со години се воздржува да ги покачи најниските надници од 5,15 долари на час само за неколку центи. Рудиментираната социјална помош има уште полошо лоби.