1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Систем за навремено предупредување од финансиски кризи на Балканот

16 август 2006

Економските системи во земјите во развој реагираат многу посилно на кризите во светот или краховите. Напротив, индустриските земји располагаат со системи за предвремено предупредување со кои можат многу прецизно да ги предвидат и да ги анализираат можните последици врз стопанството.

https://p.dw.com/p/AeL7
Фотографија: dpa

На пример, во Германија постојат институти за економски науки, сојузната банка или стручниот совет на владата и сите се во состојба да обезбедат прогнози или совети за економската ситуација. Такви системи сега треба да развијат и централните банки од Јуоисточна Европа. Таков пилот проект сега во Албанија поддржува Германското друштво за техничка соработка кој треба да се прошири и во другите земји на Балкан:

Кинеската глад по енергија, пропаста на преговорите во СТО за трговијата, високата цена на нафтата: дали Албанија треба да е загрижена за ваквиот развој кога земјата има многу други итни проблеми за решавање? Одговорот е: да! Надворешните шокови токму за земјите во развој можат да имаат несогледливи последици. Пред се тогаш кога властите реагираат дури откако ќе се појават кризите. Во индустриските земји како Германија, но и во се уште недоволно развиените како Полска, се користат системите за навремено сигнализирање со кои се прават напори да се предвидат идните кризи. Врз таа основа можат да се анализираат можните последици за стопанството.

Сега вакви системи ќе бидат користиени и од централните банки во Југоисточна Европа. Таков пилот проект во моментов поддржува ГТЦ. Ерјон Љуци, шеф на одделот за истражување во централната банка на Албанија обајснува дека моделите ги имаат предвид и посебностите на финансискиот сектор на Албанија. Не станува збор за тоа да се собираат податоци и да се испишат, туку многу повеќе: да се обработат и точно да се интерпретираат. За тоа ќе биде формирана единица од специјалисти:

„Во рамките на централната банка ќе биде формирана единица која систематски ќе се занимава со упоребата на таквите модели што ќе ги имаат предвид албанските специфики и ќе се занимава со подобрување на податоците за да може со висок степен на доверба да се укаже на евентуалните финансиски ризици„.

Професор Михаел Боле од Слободниот универзитет Берлин, кој по налог на ГТЦ и помага на централната банка на Албанија, објаснува кои се ризиците на финансискиот сектор во Албанија и во соседните земји:

„Овие земји по правило имаат мошне висок дефицит на билансот што носи големи ризици, но што досега, за среќа, можеше да биде балансиран со мудра политика на централните банки зашто во овие земји постојано влегува капитал. На тој начин се компензира дефицитот на билансите. Меѓутоа, ризици можат да се појават во тоа ако овие струења не го имаат размерот на кој се надеваме. Овие држави се уште имаат многу слабо развиен пазар на капитал, па затоа мора постојано да се поддржуваат, за тоа постојано струење на капитал да биде обезбедено„.

Стабилноста на финансискиот сектор во Албанија се поддржува и од Меѓународниот монетарен фонд со посебни мерки како претпоставка за натамошната соработка. Во рамките на договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија тоа ќе биде помагано и од Европската централна банка, вели Боле:

„Елементарен дел на развојот на севкупниот финансиски сектор е да се има добар инструмент за да може развојот воопшто исправно да се оцени, да се одмери и предвреме да се откријат можните грешки. Тој елементарен дел го бара и Меѓународниот монетраен фонд. Токму тоа и го развиваме. Така да се каже, неформална основа за соодветни решенија за натамошниот развој и обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот сектор. Тоа што го правиме го поздрави и Европската централна банка„.

Проектот треба да се прошири и врз другите земји од западен Балкан. За тоа се одржуваат регионални семинари каде што се дебатира за практичното спроведување. Станува збор за собирање статистички податоци, квалификување персонал и соодветни компјутерски програми. Следниот семинар е планиран за септември. Тогаш специјалисти од Албанија и Македонија ќе ги разменат досегашните искуства и ќе разговараат за решенија на појавените проблеми. Боле е сигурен дека кон проектот ќе се приклучат и централните банки на Србија, Црна Гора и Косово:

„Се разбира, тоа ќе се шири. Ако се исполнат моите надежи, тогаш во наредните две до три години ќе имаме тесна соработка во врска со системите за навремено сигнализирање во најголемиот број централни банки на Балкан„.