1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите во Русија!

13 септември 2006

Русија е пазар на иднината, велат многумина производители на автомобили од Запад. Тоа, меѓу другото, е резултат на фактот што во меѓувреме, покрај руската држава, се збогатија и многу нејзини граѓани, а нов автомобил – тоа кај Русите е запишано на врвот на листата желби. Поради тоа, руската влада пред извесно време на западните производители им обезбеди големи предности, на пример, екстремно ниски царини.

https://p.dw.com/p/AeKt
Пробив на рускиот пазар
Пробив на рускиот пазарФотографија: AP

Но, тоа важи само ако се подготвени автомобилите да ги прозиведуваат во Русија. Овој повик веќе го следат многу од нив, меѓу нив и „Фолксваген„ од Волфсбург.

Договорот за првата фабрика во Русија е потпишан уште во мај. Фабриката веќе се наоѓа во фаза на изградба во градот Калуга, 160 километри југоисточно од Москва. Инвестицијата тежи 370 милиони евра, а ќе се произведуват „Поло„ и „Шкода Октавија„. Интерес покажа и „Ауди„. Тил Браунер, шеф на „Ауди„ за Русија:

„Преиспитуваме една студија на изводливост. Тоа значи дали за „Ауди„ има смисла една таква операција и под околности. Кога ќе завршиме со тоа ќе можеме да кажеме: да или не за производство во Русија„.

Инаку, во првата половина од годинава, извозот на „Ауди„ во Русија, според официјалната статистика, порасна за 50 проценти. За кусо време „Ауди„ има намера да ја префрли границата од 10 илјади извезени автомобили годишно. Меѓутоа, главната цел е да се биде број еден.

И „Шкода„ која како и „Ауди„ е ќерка на концернот „Фолксваген„, има намера во Калуга, освен „Октавија„ да произведува и други модели, на пример малата „Фабиа„. Но, што е со самиот „Фолксваген„? Се уште не е доснесено решение кој модел освен „Поло„ ќе се тркала по производната лента, вели шефот на „Фолксваген„ за Русија, Ханс Дитер Келер:

„Оставате не на мира да ја градиме фабриката. Оставете не на мира да размислиме што ќе произведуваме. И дозволете ни во меѓувреме прецизно да го набљудуваме рускиот пазар„.

Во Русија едно „Поло„ ќе чини околу 10 илјади евра. Многу привлечна понуда, зашто сега скоро толку чини и несигурната „Лада„ од руско производство. Решението да се оди во Русија, не беше лесно донесено. Меѓутоа, Волфсбуржани не се првите што се решија на тој чекор. „Форд„ уште од 2002 го произведува моделот „Фокус„ во близина на Санкт Петерсбург. Намера да градат фабрики во Русија имаат и „Тојота„, „Нисан„ и „Џенерал моторс„.

Царинските олеснувања и другите предности што ги вети руската влада ја исполнија својата цел. Веќе по една година од фабриката на „Фолксваген„ од Каулга ќе излезат првите автомобили. Комплетното завршување со каросерија, лакирање и монтажа фабриката ќе ги преземе по две години. До тогаш автомобилите ќе бидат монтирани од завршени модули. Концернот притоа, може да смета и на поддршка од западните лиферанти. Многу од нив имаат намера да се стационираат во Калуга, вели Хорст Мил, член на управниот одбор на „Шкода„:

„Системот за производство во ’Шкода’, сличен на оној во Фолксваген, базира врз соработката со лиферантите кои ги испраќаат модулите и тоа се покажува неопходно. Имено, да се биде во близина инаку нема да се стигне навреме. Колку сме таму посупешни, толку поинтересно ќе биде и за другите лиферанти да бидат во наша близина„.

Целта на Фолксваген е по 4 или 5 години, извозот во Русија од сегашните 40 да се зголеми на 150 илјади автомобили.