1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите се согласни за денот на изборите

Александар Чомовски19 април 2006

До крајот на оваа недела претседателот на македонскиот парламент Љупчо Јордановски ќе ги распише парламентарните избори, по понеделничките консултации со лидерите на парламентарните партии.Вчера тој излезе со јасен став:изборите ќе бидат на 5-ти јули.

https://p.dw.com/p/AdeP
Фотографија: aptn

-Имавме кратки разговори,сите се сложија дека е 5 –ти јули соодветен ден,изјави Јордановски.

За првпат од одржувањето на десетината локални,парламентрани или претседателски избори во плуралистичка Македонија,гласањето ќе се одвива во делник и сред лето.Средата на 5 јули се очекува да биде неработен ден.Сите партиски лидери дадоа начелна согласност за овој датум.Сепак,опозицијата проценува дека на власта и одговара помал одзив поради опаднатиот рејтинг на СДСМ и малата ЛДП која има под еден насто доверба,а летото,годишните одмори,земјоделските работи и Мундијалот се можни причини за помал одзив.Првиот парламентарец кој по распишувањето на изборите заминува во САД како амбасадор,сепак не даде дециден одговор дали Собранието и натаму ќе заседава.Неизвесно е дали Парламентот воопшто ќе биде распуштен пред да ги усвои важните закони за судството како и новите правила во нормирањето на однесувањето и организацијата на полицијата,на штп особенно инсистира ЕУ.Политичка и собраниска неизвесност внесува и законот за социјална помош на стечајците со што не се согласува ММФ.Државно владиниот врв денеска ќе заседава и се бара од претседателот Црвенковски да не го потпишува законот.Ако тоа се случи,ВМРО Народна,иницијатор на законот за стечајци,ќе бара ново собраниско свикување и гласање за него,како можност и за легален избоерн маркетинг.