1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Ирак се повеќе наликува на граѓанска војна

16 ноември 2006

На насилството во оваа земја му нема крај. Само денеска во Багдад загинаа 13 лица. Вооружени лица нападнале една пекарница. Жртвите се невини цивили, шиити. Напаѓачите се непознати, но се сомнева дека се сунити. Бјорн Блашке има повеќе детали за разгорениот судир.

https://p.dw.com/p/Advm
Малики во посета на Универзитетот во Багдад
Малики во посета на Универзитетот во БагдадФотографија: AP

Причина за зачестените напади во Багдад во кој се повеќе страдаат цивили, според аналитичарите се повеќе е меѓурелигиозно насилство. Атентати како овој од утринава, во кој беше стрелано врз пекарница, најверојатно е извршен од арапските сунити, бидејќи речиси сите пекарнци во Багдад се во сопственост на арапските шиити. Раздорот меѓу шиитите и сунитите во ирачкиот главен град Багдад е огромен. Според многумина сега веќе е тешко тој да се надмине. За поделеноста и несоработката на политичките фракции од двете религиозните групи покажуваат и сосема различните информации за масовното киднапирање кое се случи пред два дена во Багдад. Се уште е нејасно колку луѓе од зградата на министерството за образование биле киднапирани и дали се сите ослободени. Различноста на вестите се должи на фактот дека доаѓаат од припадниците на различните религиозни групи, кои истовреме се обвинуваат за случајот. Министерството за полиција е во рацете на шиитите, додека министерството за образование е под надлежност на сунитите. Напаѓачите се уште не се пронајдени, а обвинението е адресирано до шиитските милиции. Премиерот Нури Ал Малики е длабоко разочаран:

“Не сме задоволни со операцијата за ослободување на киднапираните. Ќе ги гониме одговорните киднаперите. Оваа акција не може да се сведе на грбот на луѓе кои имаат патриотски цели. Тие работат под рака со демонот кој сака да ја разори оваа земја”.

Малики смета дека шиитските милиции не се одговорни за нападот. Всушност тој и самиот е член на шиитскиот сојуз, а шиитските милиции му се главен коалиционен партнер. Токму поради тоа Малики и не може да ги разоружа милициите, како што тоа го бара САД. Од друга страна, пак колку повеќе се одолговлекува разоружувањето на шиитските милиции толку повеќе се зголемува јазот со сунитите. Советот на сунитите дури предложи и тие да ја напуштат коалиционата влада предводена од Малики.