1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Мијанмар и денеска е напната

2 октомври 2007

Силно воено присуство во најголемиот град Рангун ги држи под контрола демонстрациите, а зад кулисите се во тек засилени дипломатски контакти за надминување на кризата.

https://p.dw.com/p/Blr0
Војници на приодот кон една пагода во РангунФотографија: AP

Военото присуство во најголемиот град на Мијанмар, Рангун, е се‘ уште видливо, иако бодликавата жица околу пагодите на будистичките монаси се отстранети. Британскиот амбасадор во земјата Марк Канинг вака ја опишува состојбата:

“Има уште многу војници во градот. Воени возила со војници се поставени на голем број улици, но се стационирани и на помалку видливи места. Се‘ на се‘ има околу 15.000 војници во Рангун и тие очигледно успеаја да му го одземат полетот на протестното движење.“

Според информациите на политичари на опозицијата во Мијанмар, уапсените будистички монаси стапиле во штрајк со глад. Исто така пристигнаа и информации дека голем број монаси починале во затворите. Но, ни овие информации не можат да се проверат со оглед на информативната блокада што ја спроведува воената хунта.

Во меѓувреме е укината блокадата за транспорт на хуманитарни пратки. За време на протестите хунтата го забрани сообраќајот на товарни возила, со што беа блокирани прехрембените производи за околу половина милион луѓе во Мијанмар кои се упатени на секојдневна помош. Светката програма за исхрана во меѓувреме ги снабдува прд се‘ децата во поранешна Бурма. Секое трете дете во земјата се смета за недоволно исхрането. Во одредени региони од тоа се погодени дури и 70% од децата.

Директорот на Светската програма за исхрана Антони Бенбури изјави:

“Можно е стопанските проблеми кои доведоа до протестите, да станат сега уште поголеми.“

Според медиумски извештаи расте и бројот бегалци од Мијанмар долж границата со Тајланд.