1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Узбекистан полека се стабилизира

13 мај 2005

Напнатата ситуација во Узбекистан полека се смирува откако ноќта најмалку 9 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во големите нереди што се случија во градот Андиџан . Демонстрантите ги нападнале зградите на властите во градот а ослободиле и 2000 затвореници. Во меѓувреме стигна и веста дека чуваерите на иѕраелската амбасада во уѕбекистанската претстолнина Ташкент застрелале маж под сомнение дека

https://p.dw.com/p/AcFV
Од демонстрациите во Узбекистан
Од демонстрациите во УзбекистанФотографија: AP

� бомбаш самоубиец.

,, Последните сознанија се дека ситуацијата во Узбекистан полека се стабилизира, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на попладневната прес конференција во Москва по повод немирите во Андиџан. Лавров , од чија земја беа побарани посредници за решавање на кризата, нагласи дека случувањата во поранешната советска република која веќе 13 години е неѕависна, се чисто внатрешна работа. Сепак руските власти истакнаа дека со загриженост гледаат на развојот на настаните во Узбекистан:

Москва внимателно ја следи ситуацијата во Андиџан. Овие случувања предизвикуваат голема загриженост кај нас . Ние се надеваме дека таму за кратко време ќе биде повторно воспоставено владеењето на законот“ –истакна Александар Јаковенко портпарол на министерството за надворешни работи.

Причините за насилството во Андиџан пред се се лоцирани во контроверзниот судски процес кој се води во градот против 23 лица обвинети за исламски екстремизам и терористичко здружување.

Станува збор за луѓе осомничени дека учествувале во организацијата на бомбашките напади врз амбасадите на САД и Израел во јули минатата година во кои загинаа две лица .

Во средата 2000 лица протестираа пред зградата на судот во Андиџан , барајќи слобода за 23-цата обвинети, кои пак синоќа прераснаа во вооружено насилство .

Бунтовниците ги нападнале и ја преземале контролата врз зградите на реагиналната администрација и на централниот затвор , ослободувајќи притоа 2000 затвореници. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 10 полицајци се земени како заложници и оти нивните грабнувачи побарале Русија да посредува во нивното ослободување. Инаку властите во Узбекистан соопштија дека армијата и полицијата воспоставила контрола во градот Андиџан и оти преговара со бунтовниците . Очевидци во градот потврдуваат дека полицијата и војската се насекаде низ градот но и оти се слушаат истрели .Контроверзниот претседател на Узбекистан кој автократски владее со земјата , Ислам Каримов е еден од главните сојузници на САД во антитерористичката кампања . Тој имено од 2001 година наваму им ја препушти на Американците , главната воздухопловна база во земјта која се наоѓа во близина на границата со Авганистан.