1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скандалот се шири

8 јануари 2011

Од примероците земени од компанијата „Харлес и Јенч“, што се занимава со производство на маснотии за сточна храна, произлезе дека во одредени случаи во нив е забележано 77 пати повисоко ниво на диоксин од дозволеното.

https://p.dw.com/p/zv5z
Контаминираните јајца излегоа и надвор од ГерманијаФотографија: dapd

Од вкупно сто примероци што беа земени од компанијата во Шлезвиг-Холштајн, досега се испитани триесет. Десет од нив покажале присуство на диоксин меѓу 0.66 и 58 нанограми, што претставува за 77 повеќе од дозволеното ниво од 0.75 нанограми.

Само во 12 од испитаните примероци диоксинот бил регистриран во рамки на дозволените вредности. Останатите седумдесетина примероци допрва треба да подлежат на лабораториска анализа, а резултатите ќе бидат познати во текот на наредните денови.

Вчера германските власти соопштија дека компанијата „Харлес и Јенч“ знаела дека нејзините производи се затруени со диоксин уште во март, при спроведувањето на внатрешните контроли. Министерството за земјоделство нагласи дека фирмата била должна веднаш да го пријави тоа кај надлежните власти и да ја запре продажбата на контаминираната храна.

Flash-Galerie Deutschland Dioxin in Lebensmittel Labor
Анализите покажуваа шокантни вредноси на диоксинФотографија: dapd

Скандалот добива европски димензии

Во меѓувреме, бројот на фарми кои се затворени поради скандалот се искачи на преку 4.700. Во најголем дел се работи за фарми за свињи и живина во покраината Долна Саксонија. Министерството за земјоделство нагласи дека затворањето на фармите е мерка на претпазливост, се` додека не се утврди дали и тие ги хранеле животните со сточна храна, затруена со диоксин. Скандалот добива и европски размери, откако јајца од германски фарми стигнале во Холандија и Велика Британија.

Скандалот изби откако фирмата „Харлес и Јенч“ соопшти дека на производителите на сточна храна им испорачала близу три илјади тони масни киселни, кои во суштина биле наменети само за индустриска употреба. Тие содржат диоксин, хемиски продукт што настанува при секаков вид на согорување. Тој може да доведе до здравствени проблеми кај луѓето, меѓу кои и да предизвика рак и проблеми со системот за оплодување.

Автор: ТТ/СН/афп/ројтерс/дпа

Редактор: Симе Недевски