1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скандал во Сименс

13 декември 2006

Врвниот менаџер на „Сименс„ Томас Гансвид во вторникот беше уапсен што е потврдено и од баварското министерство за правда. Претходно, раководството на „Сименс„ првпат призна дека во концернот со години постоела корупција.

https://p.dw.com/p/AeK1
Штетите се огромни: шефот на Сименс Клаус Клајнфелд
Штетите се огромни: шефот на Сименс Клаус КлајнфелдФотографија: AP

Веќе нема сомнеж дека станува збор за сума од преку 420 милиони евра, изјави членот на управниот одбор Џое Кезер. Оваа сума пари била користена од 1999 до оваа година, меѓу другото и за дубиозни советодавни хонорари, зад кои веројатно се кријат божемни сметки.

Шефот на концернот Клаус Клајнфелд од своја страна соопшти дека системот на црни каси останал неоткриен со години и затоа што осомничените како високорангирани соработници имале можност да ги избегнат сите мерки за обезбедување. Тие мерки сега мораат да се преиспитаат:

„Решивме да повикаме независни советници што ќе ја расчистат таа тема и ќе предложат нови за да се затворат таквите дупки„.

Голема улога во објаснувањето на аферата би можел да одигра американскиот експерт за антикорупција Мајкл Хершман кого „Сименс„ ќе го ангажира како советник. Тој важи за исклучителен експерт кој меѓу другото е советник и на Интерпол.