1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скандал: ФБИ со години издавала погрешни лабораториски резултати

Сабине Фриц / Александар Методијев22 април 2012

Весникот „Вашингтон пост“ објави детали од документи со кои се потврдува дека ФБИ издавала погрешни резултати од својата лабораторија, со кои паднале пресуди во 250 случаи.

https://p.dw.com/p/14iBg
Фотографија: picture-alliance/dpa

ДНК-анализите го променија светот. Од коса, парчиња кожа или со примерок од плунка може да се фати сторителот на кривично дело и стапките на расветлени кривични дела буквално се зголемени.

Но, не се работи само за тоа да се фатат што е можно повеќе сторители на кривични дела, туку треба да се осигура дека вистинските сторители ќе завршат во затвор. Но, што ако лабораторијата направи грешка? Што ако косата се замени или, пак, како и во секоја работа - не се сработи коректно? Тоа и се случи на најпознатата светска истражна служба – ФБИ.

Gentechnik
Со години излегувале погрешни ДНК-анализи од лабораторијата на ФБИФотографија: Fotolia/Gernot Krautberger

Со години лабораторијата издавала погрешни резултати или, уште полошо, морала да издава резултати кои му помагале на јавниот обвинител во неговите обвиненија, а не на одбраната. Тоа го илустрира Фредерик Вајтхурст, хемичар и адвокат, кој работел за ФБИ. Тој излезе во јавност во средината на 90-тите години, тврдејќи дека на лабораторијата на ФБИ и‘ недостасуваат непартиски и форензички стандарди.

„Еден дел од сликата во оваа земја, што не се сака да се види, е тоа дека би можело десетици илјади затвореници да се обвинети поради погрешна криминалистичка работа во лабораторијата“, објасни Вајтхурст.

Резултатите далеку од јавноста

Тогашниот министер за правда Џенет Рено формираше истражна комисија, за да се расветли работата на лабораторијата на ФБИ. Групата работеше девет години. Но, резултатите никогаш не беа објавени во јавност – ни случаите за кои станува збор, ниту имињата на засегнатите. Затворениците кои веројатно невини лежат во затвор немале ниту шанса нивниот случај уште еднаш да се отвори, бидејќи нивните адвокати или членови на фамилиите не биле воопшто информирани дека во овој случај лабораторијата на ФБИ работела лошо. Така очигледно се сака да се одбегне повторното отворното отворање на многу случаи. За тоа беше информирана само спротивната страна – државното обвинителство.

По долгогодишна судска постапка, сега мораат да се објават резултатите од извештајот за истрагата. Весникот „Вашингтон пост“ имал увид во документите и објави еден дел од нив. Авторот опиша повеќе случаи во кои невини луѓе лежат во затвор, бидејќи лабораториските резултати биле погрешни, како на пример Сантеа Трибл. Тој како малолетен бил осуден на 25-годишна казна затвор поради силување. Тој бил обвинет бидејќи имало примероци од коса, кои подоцна се покажале како погрешни.

Todeszelle im Gefängnis von Huntsville USA Giftspritze Todesspritze
Има и случаи на извршена смртна пресуда врз невини лица поради погрешни лабораториски анализиФотографија: picture-alliance /dpa/dpaweb

„Кога дојде полицискиот службеник кај мајка ми и и’ кажа дека се работи за криминал, јас си помислив дека станува збор за двете неплатени карти за паркинг, но јас потоа останав 25 години години зад решетки“, рече Сантеа Трибл.

За некои резултатите дојдоа предоцна – на пример, за Херберт Бојл. Тој беше егзекутиран со инјекција во 1997-ма година. Тоа се направи, иако недели претходно внатре во ФБИ се шпекулираше дека службеникот кој ги правел анализите на неговата коса, повеќе пати дошол до погрешни резултати. За тоа не биле информиран ни адвокатот на Бојл, ниту неговата фамилија.

Според извештајот од истрагата, постојат 250 случаи кај кои лабораториските резултати не се веродостојни, велат правните експерти. Не е јасно во колку од тие случаи престапникот добил втора шанса.