1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скарани и поделени

Јерг Камински30 март 2008

Во Дамаск завршува самитот на Арапската лига, кој минува во знак на тешки меѓусебни обвинувања на земјите членки. На крајот на самитот веројатно ќе биде дадено соопштение, составено уште пред тој и да почне.

https://p.dw.com/p/DXJi
Башар ал Асад и Моамер ел ГадафиФотографија: picture-alliance/ dpa

Во Дамаск денеска (30.03.2008) е втор ден од самитот, кој во историјата ќе биде запишан како настан на особено големи разочарувања. Одамна толку многу не дошла до израз неслогата меѓу Арапите. Тука ништо нема да променат ниту изјавите со намери кои ќе бидат објавени на крајот на собирот.

Главна тема е земјата која го бојкотира самитот - Либан. Во Бејрут нема претседател веќе четири месеци. За тоа, Либан ја обвинува Сирија и затоа не учествува на средбата во Дамаск. Осум други држави, меѓу кои Саудиска Арабија и Египет, ги испратија своите трети или четврти ешалони.

Домаќинот, сирискиот претседател, Башар ал Асад ги отфрли обвинувањата дека Сирија се меша во внатрешните работи на Либан: „Ние сме загрижени поради внатрешната состојба во земјата. Либанците не можат да најдат најмал заеднички именител. Ние сме заинтересирани за независност и сувереност на таа земја.“

Тоа на сирискиот претседател не му го веруваат пред се‘ Саудијците. Нивниот министер за надворешни работи од Асад побара тој да се движи во встинската насока. Асад во својот говор дипломатски призна дека арапскиот свет е поделен. Либискиот претседател, Моамер ел Гадафи, тука беше на свој начин, сосема отворен:„За жал се мразиме и се караме. Си правиме заговори. Секој од нас е непријател на другиот. Посакувам целата таа енергија да ја штедиме за борба против непријателот.“

Заеднички непријател на повеќето Арапи е Израел. Асад ја обвини владата на Олмерт за ненапредувањето на мировниот процес на Блискиот исток. Но, сирискиот претседател истовремено стави јасно до знаење дека арапската страна нема да крене раце од својата мировна иницијатива стара 6 години.