1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скенерите за тело веќе три години во употреба во Русија

22 јануари 2010

Додека во европските земји се‘ уште размислуваат дали да ги воведат скенерите за тела на аеродромите, а дебатите за нивната употреба се вжештуваат, на московскиот аеродром Домодеводо тие се користат веќе три години.

https://p.dw.com/p/Lcg6
На рускиот аеродром Домодеводо скенерите се користат без проблемиФотографија: AP

„Рацете горе!“, му вели офицерот за безбедност на секој патник кој стапнува во кабината од плексиглас. На мониторот на друг офицер веднаш се појавува 3Д слика на телото на патникот. Целата постапка трае две секунди. 41-годишната Марина патува за Калининград. Скенерите не и‘ пречат. „Повеќе не ги ни забележувам. Не ми е гајле кој ме гледа. Немам комплекси. Тоа е услов за безбедност и мора да се направи. И на повеќето луѓе тука не им е гајле што ги гледаат.“

Нејзиниот сопруг Борис додава: „Безбедноста има приоритет. Во случајов нема никаков здравствен ризик, а јас немам што да кријам. Можат да ме гледаат колку сакаат.“

Откако скенерите беа поставени на аеродромот во 2007 година, долгите редици за безбедносни проверки се минато. Скенерите го намалија и бројот на вработените службеници, со што веќе самите се исплатија, вели директорот за развој, Даниел Буркард. Аеродромот платил по 200 илјади евра за секој од 15-те скенери одделно, и со тоа се најде меѓу првите во Европа кој ги употребува. „Кога проблемите на Кавказот беа поакутни, ситуацијата тука беше далеку поопасна отколку во други делови на Европа“, вели Буркард.

Радио-скенери безопасни за луѓето

Body Scanner Nackscanner Flughafen Sicherheit
„Сакате некој оддалеку да гледа во вашата скенирана фотографија, или некој одблизу физички да ве претресува!?“Фотографија: AP

По тест-фазата, аеродромот одбрал скенери од САД кои користат радио зраци. Радијацијата на која се изложени патниците е за 10 илјади пати помала, од онаа кога ѕвони мобилен телефон. „Дискусиите за индивидуалната загрозеност која се води во Европа, особено во Германија, за мене е чудна. Мислам дека мора да се донесе одлука: или сакате некој оддалеку да гледа во вашата скенирана фотографија, или некој одблизу физички ќе ве претресува.“

Сепак, на меѓународниот терминал многу патници се изненадени кога ќе сфатат дека ги минале контроверзните телесни скенери. „Не знаев дека тие постојат тука. Инаку, помалку сум загрижен за интимноста, а повеќе за мојата лична слобода. Не сум сигурен дека сакам некој да ме гледа вака.“

И покрај забелешките, Буркард очекува дека повеќето аеродроми ќе ги воведат телесните скенери, не само поради безбедносни причини, туку и поради нивната ефикасност и брзина.

Автор: Марејке Аден / Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска