1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скијоринг: на цена се брзината и храброста

Жаклин Пивон/БГ10 март 2013

Скијоринг е скијачка дисциплина која потекнува од Скандинавија. Во минатото скијачите биле влечени од коњи и кучиња, денес тоа го прават мотори, па љубителите на авантурите во Скијорингот открија ново доживување.

https://p.dw.com/p/17l8a
Фотографија: picture-alliance/dpa

Скијоринг е екстремен зимски спорт.

„Бара многу сила. Многу е напорно“, вели една млада Скијоринг ентузијастка.

„Морам многу да внимавам да не ми летне нешто в лице“, објаснува друг скијач.

Скијачот мора да стои цврсто на своите нозе, затоа што мотоциклистот кој го вози се движи со брзина и до 70 километри на час.

Скијоринг потекнува од Скандинавија. До пред стотина години скијачите беа придвижувани од еден коњ. Денес, во тирингиските планини, се работи за далеку повеќе коњски сили.

„Ова е еден комерцијален моторцикл, со специјални гуми, добар скијач, едно јаже и многу храброст, би рекол“, објаснува мотициклистот.

[No title]

Храброста е потребна, но исто така и добро чувство за рамнотежа. На крајот победува оној тим кој ќе биде најбрз, но и оној кој ќе покаже најдобар стил.

„Не смеете постојано да бидете зад моторот затоа што сиот снег и калта ќе ве удираат в лице. Морате да ја менувате положбата при возењето, да ги менувате страните“, раскажува еден од скијачите.

Скијоринг во Германија се‘ уште е релативно непознат спорт. Во покраината Тирингија ентузијастите не се натпреваруваат за пари, туку за задоволство на патеката.