1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скршен „‘рбетот“ на германското стопанство

ЖА/дв/дпа/афп/ртре11 декември 2012

Челичарницата Тисен-Круп долго ја нарекуваа стожер на германското стопанство. Но, токму во неа се забележани рекордни загуби од пет милијарди евра, во управата наголемо „летаат глави“.

https://p.dw.com/p/16zwL
Фотографија: picture-alliance/dpa

Откако уште минатата недела беше објавено заминувањето на дури тројца членови на управниот одбор на концернот Тисен-Круп, дури сега е објавена и причината: рекордна загуба од пет милијарди евра, во што не е вклучена и загубата во секторот за некорозивен челик, чија продажба на финскиот конкурент Оутокумп е се‘ уште во тек.

Иако за толку големата загуба има повеќе причини, најголем проблем е деловната одлука на управата која, како што се изрази претседателот на Работичкиот совет на концернот Гинтер Бек, граничи со коцка на рулет. Имено, речиси сите инвестици се вложени само на една, односно на две бројки: во големите челичарници кои Тисен-Круп ги градеше во САД и Бразил. Теоретски, се покажа нивната жилавост во актуелната криза, но двата погона ни приближно не ги исполнија деловните очекувања.

Stahlproduktion bei ThyssenKrupp
Фотографија: picture-alliance/dpa

Дури, поради проблеми со синдикатите, екологистите и серизони недостатоци во изведбата на работите, трошоците на градбата се вивнаа до небесни височини, на околу дванаесет милијарди евра. Кон тоа доаѓа и падот на прометот на чеик. Во периодот 2010/2011 година, прометот изнесуваше 42 милијарди евра, а во оваа година две милијарди помалку. На тоа се надоврзува и казната поради илегалниот договор на цените на железничките шини и т.н.

Се‘ на се‘, првпат во историјата концернот реши воопшто да не им исплаќа дивиденди на акционерите на Тисен-Круп. Тоа воопшто не е едноставн аодлука, зашто и натаму најголем акционер со 25 проценти е Фондацијата на семејството на основачите начеличарницата Круп, која од дивидендата финансира бројни културни и хуманитарни програми. Всушност, во оваа фондација и во Тисен-Круп главен збор уште води Бертолд Бајц. Него лично Алфред Круп фон Болен унд Хазбах го именуваше за главен ополномоштеник во концернот и извршител на неговиот тестамент, откако го уапсика американските војници поради соработка со нацистичкиот режим. Оттогаш Бертолд Бајц со децении беше на чело на концернот и иако денес има 99 гоидни, уште се слуша неговиот збор.

Brasilien Deutschland ThyssenKrupp-Stahlwerk bei Rio de Janeiro
Челичарницата на Тисен-Круп во БразилФотографија: picture-alliance/dpa

Тисен-Круп веќе реши да се прости од својата скапа авантура од онаа страна на океанот. Веќе се преговара со можни купувачи на новите челичарници, иако за нив тешко да се добие и дел од парите кои се веќе потрошени. Од дванаесет милијарди евра, колку што се дадени за изградба досега, во книговодството се заведени седум милијарди евра као вредност, а сега таа паѓа на само 3,9 милијарди евра. Експертите проценуваат дека и тоа е далеку од пазарната вредност и Тисен-Круп би требало да е среќен ако од астрономската инвестиција извлече и една десетина од она што го потроши во САД.