1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скулптури создадени од пердуви

Шарон Беркал / Александар Методијев21 јануари 2013

Ако видат пердуви на подот многу луѓе ќе поминат покрај нив. Многу валкано, многу грдо, многу неинтересно. Но, не и за Британката Кејт Мекгвајер. Нејзините нови скулптури, кои ќе ве изненадат, се изложени во Лондон.

https://p.dw.com/p/179Wv
Фотографија: DW

Скулптури кои играат со анатомијата на човечкото тело. Создадени се од... пердуви. „Намамување“ - тоа е насловот на актуелната изложба на британскиот уметник Кејт Мекгвајер во Лондон.

„Се обидувам да ве обземам со нешто што ви е познато, да ве дистанцирам од нешто што сметате дека е одбивно или одвратно. Да ве заведам со чувството и со погледот на него. Навистина се работи за обид на постојано заведување - заведување и одбивање“, вели Кејт Мекгвајер.

Таа за една скулптура употребува до 40.000 пердуви. Нејзините дела треба да ги натераат посетителите да размислат за концептот на „убавина“, бидејќи најголем дел од пердувите, кои таа ги користи, потекнуваат од птици кои генерално се сметаат за нечисти или, пак, грди, како што се гавраните или гулабите.

Skulpturen aus Federn von Kate MccGwire
Делата се изложени во ЛондонФотографија: DW

„Сметам дека пердувот е неверојатен објект. Тој е толку лесен и толку моќен. Тој и‘ овозможува на птицата да лета. Тој е неверојатно тенок и толку добро конструиран, што ние како луѓе веројатно не можеме да го направиме“, вели уметникот.

Една од скулптурите е целосно направена од пердуви од страчки. Ниту една птица не била убиена за скулптурите на Кејт Мекгвајер. Секоја недела во нејзиното студио, во куќата-брод во близина на Лондон, се испорачуваат коверти и кутии со пердуви. Тие потекнуваат од одгледувачи, фарми или, пак, од приватни лица. Внатрешниот дизајнер и мајка на две деца, кон крајот на третата деценија од животот се одлучи одново да почне и да студира уметност. Дипломската работа и‘ ја купи реномираниот британски колекционер Чарлс Сачи.

Таа е инсталација од 27.000 пилешки коски. Тоа е почетокот на нејзината успешна кариера.

„Јас само мислев дека тоа е можност да се направи нешто навистина големо, кое веројатно не би го ставила каде било. Го направив тоа со очекување дека ќе ги растурам пердувите по крајот на дипломската презентација и ќе ги ставам во кутии за чевли под креветот. Но, не било речено така да биде и таа се најде во галеријата Сачи две недели потоа“, објаснува Мекгвајер.

Bildergalerie Falkenzucht in der Welt
За создавањето на делата не се убивани или повредувани птициФотографија: Getty Images

Осум години подоцна делата на Кејт Мекгвајер можат да се најдат во збирки и изложби ширум светот. Нејзината работа опфаќа од мали врамени слики до скулптури кои го исполнуваат просторот. Често, зад делата се крие критка на потрошувачката.

Делото „Евакуирање“, на пример, потекнува од пердуви од сите видови на птици, кои биле зготвени во оваа печка.

„Луѓето се вчудовидени од мојата работа. А, јас уживам во тие забелешки. Мислам дека тоа се често несвесни, телесни реакции, реакции на нешто што не го разбираме сосема. Не‘ одбива, но истовремено скулптурите и ни се допаѓаат и дури сакаме и да ги погалиме“, вели уметникот.

Една скулптура од пердуви од Кејт Мекгвајер чини до 60.000 евра. До средината на февруари, во лондонската галерија „All Visual Arts“ може да се погледне нејзината актуелна изложба „Намамување“.