1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слаб интерес за „окупирање“ на Скопје

15 октомври 2011

Дваесетина граѓани на Скопје денеска изразија солидарност со светската акција против моќта на финансиските пазари. Присутните порачуваат: заеднички треба да ги решиме прoблемите, за поквалтетен живот.

https://p.dw.com/p/12sc5
Учесници на протeстот во СкопјеФотографија: DW/V.Kalinski

Дваесетина граѓани во Скопје денеска ги поддржаа активистите на протестното движење „Окупирајте го Вол стрит“, кои скоро еден месец протестираат во финансискиот кварт на Њујорк, но и во повеќе американски градови.

Скопјани на улица Македонија го изразија своето незадоволство за проблемите кои се присутни во многу земји: како што се кратењето на социјалните права, продлабочувањето на јазот помеѓу богатите и сиромашните, невработеноста, загадувањето на животната средина...

„Ние денеска дојдовме да изразиме солидарност кон Вол стрит и кон сите други протести во светот. Сакаме да ги изразиме нашите незадоволства од истиот тој глобален систем. Сведоци сме дека протести има низ цел свет и гледаме дека наши браќа, стотици илјади луѓе го споделуваат тоа мислење. Тие излегуваат надвор и велат доста беше вака, сакаме да го вратиме политичкиот ангажман кај обичниот народ, сакаме да дискутираме за проблемите кои не засегаат. Денешниот ден е многу важен да почнеме да градиме нов демократски капацитет, кон кој луѓето ќе можат да се придружат транспарентно, отворено и партиципативно за работите што ги засегаат нив“, вели Предраг Ристиќ учесник во протестот.

Weltweite Proteste von Kapitalismuskritikern Skopje 15.10.2011
Учесници на протeстот во СкопјеФотографија: DW/V.Kalinski

„Не треба да чекаме само од владата, министерствата и институциите да ни ги решат проблемите, бидејќи тоа е невозможно. Тие проблеми се економски, социјални, еколошки и се многу големи. Ги засегаат сите граѓани и треба да се решаваат заеднички со цел да живееме поквалитетно“, истакна Игор Куновски.

Автор: Владимир Калински

Редактор: Александра Трајковска