1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Сладок“ саем во Келн

31 јануари 2005

Вчера во Келн започна 35-тиот саем за слатки на кој, на површина од преку 110 илјади квадратни метри, се претставуваат илјада и 600 производители од 70 држави.

https://p.dw.com/p/AePQ
И на келнскиот карневал се трошат голем број слатки
И на келнскиот карневал се трошат голем број слаткиФотографија: AP

Саемот за жал не е отворен за публиката, туку само за претставници на оваа бранша: производители и увозници кои ќе уживаат во слатките, чоколадите, колачињата, шекерчињата и се друго што подразбира оваа слатка индустрија. Покрај стандардните производи, ќе бидат изложени околу 100 новитети. На пример, безникотински бомбони со арома на тутун, чоколада со алое-вера или швајцарско чоколада во форма на ементалер сирење. Бројот од точно илјада 616 учесници е рекорден. 82 насто доаѓаат од странство. Волфганг Кранц, раководител на саемот во Келн:

“Најголемиот број фирми од странство се од Италија – 151, следена од Белгија со 131 фирма, Шпанија со 109, Холандија со 103 и Велика Британија со 88. Исто така со повеќе фирми настапуваат и Франција, Полска, Турција , Швајцарија и САД. За првпат на групен штанд е претставена и Кина. Од Германија учествуваат 281 фирма“.

Холгер Венцел шеф на германското здружение на продавачите на мало, во трговијата со слатки гледа позитивна тенденција:

“Како заклучок за овој бизнис, од страна на трговијата може да се констатира дека асортиманот по слабата 2003 година, во минатата повторно доби на значење и доживеа пораст. За оваа година фирмите се претпазливо оптимистички и сметаат на лесно зголемување на прометот“.