1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Следбениците на Мурси бараат враќање на војската во касарните

ЖА/ртре/афп3 август 2013

Приврзениците на соборениот египетски претседател Мурси како услов за политички преговори бараат враќање на армијата во касарните. Дијалогот за иднината на земјата треб ада го водат цивилите, гласи пораката.

https://p.dw.com/p/19JLj
Фотографија: Getty Images/AFP/Fayez Nureldine

Условот кој го поставува Мусломанското братство, кое стои зад соборениот претседател Мохамед Мурси, го соопшти портпарол на организацијата по средбата со претставници на САД и ЕУ денеска (03.08) во Каиро. Според него, началникот на армијата Абдел Фатах ал-Сиси не треба да учествува во преговорите за наоѓање политичко решение.Портпаролот на Муслиманското братство истакна и дека неговата партија ги прифаќа барањата на масовното движење кое предизвика пад на избраниот претседател.  Привремениот египетски потпретседател Мохамед ел Барадеј претходно повика не прекин на насилството во Египет и на преговори со исламистичката организација Муслиманско братство и со другите поддржувачи на сменетиот преседател Мохамед Мурси.

„Она што прво треба да го направиеме, се разбира, е да го запреме насилството. Веднаш потоа треба да започнеме дијалог за да видиме дали Муслиманското братство сфаќа дека Мурси не успеа“, изјави добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешен генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во интервју за весникот „Вашингон пост“.

Барадеј оцени дека Муслиманското братство не треба да биде исклучено од политичкиот процес во Египет, туку дека треба да учествува во измените на Уставот и на парламентраните и претседателските избори.

Ваквата изјава на Ел Барадеј уследи само ден откако американскиот државен секретар Џон Кери јавно го поддржа сменувањето на Мурси од власт од страна на армијата, оценувајќи ја таквата постапка како мерка за „возобновување на демократијата по барање на милиони лица“.

Таквата изјава на Кери предизвка гнев на лидерите на Муслиманското братство кои повикаа на нови мирни масовни протести, се‘ до враќањето на Мурси на претседателската функција.

Во протести и судири меѓу приврзаници и противници на Мурси, од неговата смена од власта на 3 јули, па досега, загинаа над 200 лица, од кои најголемиот број поддржувачи на Муслиманското братство. Смената на Мурси од страна на армијата уследи по масовните протести на милиони граѓани ширум Египет со кои се бараше негова оставка и одржување нови избори.