1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слепи жени откриваат рак на дојка

Кристина Бејерт / Александар Методијев17 април 2012

Од рак на дојката во Германија годишно заболуваат до 74.000 жени, а околу 17.000 умираат од оваа болест. Гинекологот од Дуисбург д-р Франк Хофман дојде на идеја да ангажира слепи жени за откривање на ракот преку допир.

https://p.dw.com/p/14f7s
reiburg an einem Monitor ein Brustkrebs-Karzinom. Foto: Patrick Seeger dpa/lsw
Фотографија: picture alliance/dpa/lsw

За да се откријат туморите во најрана можна фаза, докторите се потпираат на различни медицински испитувања, како што е мамографијата и ултразвукот. Секоја жена е советувана самата еднаш месечно да ги прегледа своите гради, а двапати годишно тој преглед треба да го направи гинеколог.

На возраст од 52 години Мари Луиз Фол ослепе како резултат на глауком. Денес таа помаѓа во откривањето на ракот на дојката. Од 2008-ма година работи заедно со гинеколошката ординација на Франк Хофман. Тој основа иницијативата „Раце кои откриваат“. Обуката траеше девет месеци. Анатомијата на женската града, терапијата и дијагностиката се едно покрај друго на распоредот.

„Најпрво во градот Дирен учевме теорија, анатомија на женската града, терапија и дијагностика на женската града и комуникација со пациентите. Потоа го учевме тестирањето на себе, а исто така на себе и на професорките лепевме ленти“, вели Мари Луиз Вор.

Gesundheit Gesundheitswesen Medizin Früherkennung Brustkrebs
Слепите жени можат да откријат и милиметарски промени во градитеФотографија: Fotolia/Forgiss

Слепите жени ги смируваат пациентките

Со помош на залепените ленти градата при прегледот се дели на четири зони. Така слепата жена со допир може точно да ги локализира промените и за нив да го извести докторот. Додека на докторот му требаат неколку минути за да го направи овој преглед, на слепата жена и требаат триесет до шеесет минути. Мари Луиз Фол го користи тоа време и за да им го отстрани стравот на жените од прегледот.

„Исто така, пред да го направам прегледот, ја земам медицинската историја прашувајќи ги некои од жените. И, тогаш веќе знам дали имало нешто во фамилијата (други случаи на рак на дојката). Затоа овој страв е разбирлив. Но, јас проверувам најпрво преку една смирена и пријатна атмосфера во мојата просторија, за да им се отстрани стравот на жените преку топлина и блискост“, вели Мари Луиз Фол.

Регистрираат промени што докторите не ги гледаат

Методот на преглед веќе е прифатен како позитивен од многу доктори.

„Факт е дека во просториите за преглед сосема јасно може да се докаже дека слепите жени можат барем исто толку добро како и веќе образованите доктори-специјалисти. А, овие слепи жени се на почетокот од своето занимање. Од друга страна, тие открија мноштво наоди, кои кај докторите ќе поминеа како нормални“, нагласува д-р Хофман.

Има случаи во кои слепата жена открива и најмали промени во милиметарски опсег. Посебно значајна е оваа метода за младите жени, бидејќи тие не спаѓаат под регулативата за мамографски скрининг. Жените од 50-годишна возраст бесплатно можат да се прегледуваат на секои две години. Но, стапката на заболени од рак на дојката меѓу младите расте и помошта од слепите жени веројатно би можела да помогне ракот да се открие порано. А, методот може да се користи и во земјите во развој, вели д-р Хофман.

MR-Mammographie bei Brustkrebs am Universitätsklinikum Jena
Методот може да биде надополнување на класичното отркивање на рак на дојката со мамографФотографија: picture-alliance/ dpa

„Убеден сум дека посебно во земјите во развој овој метод би бил идеален. Во овие земји, на пример, опременоста со технички апарати не е ниту приближно како во Европа. Слепите жени би можеле да бидат дополнение на дополнителните дијагностички мерки, како што е ултразвукот или ренгенот“.

Од крајот на минатата година Франк Хофман има поддршка од Ашока, организацијата која промовира т.н. „социјални претприемачи“. Тој од организацијата доби стипендија. Хофман ја намали работата во гинеколошката ординација и сега се грижи за дополнително развивање на проектот „Раце кои откриваат“. Слепите жени би можеле да добијат нова перспектива и би можела да се развие една сосема нова професија.