1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словачка го добива еврото

12 мај 2008

Колку е Словачка зрела за воведување на еврото? Одговорот на ова прашање ќе го даде монатерниот евро-комесар Педро Алмунија. Од 1 јануари 2009 година Словачка ќе се најде во зоната на еврото.

https://p.dw.com/p/Dv0V
Словачкиот премиер Фико е убеден дека еврото ќе донесе предностиФотографија: AP

Одбројувањето е во тек. Наскоро Словаците во нивните паричници ќе ја имаат најсилната валута во светот. Во една телевизиска реклама, словачката влада веќе го протежира решението од Брисел. Еврото треба да им се направи пристапно на граѓаните: тоа е целта на кампањата. Но, тоа не успева секогаш:

„Како пензионер вистина многу страхувам. Зашто од пензијата што ќе ја добивам во евра не можам да преживеам. Цените сигурно ќе растат и од нас пензионерите ќе направат просјаци„.

Со еврото се’ ќе стане поскапо ?

Ваквото мислење на овој пензинер не е осамено. Многу граѓани го чекаат 1 јануари 2009 година со измешани чувства. Пред се’ сето тоа е во полза на интересите на индустријата и трговијата, а не на луѓето. Погрешно, вели премиерот на Словачка, левиот популист Роберт Фико:

„Не го воведуваме еврото поради фирмите или инвеститорите од странство. Сакаме да го воведеме за да и’ се помогне на целата држава и верувам дека тоа ќе донесе повеќе предности, отколку проблеми. Треба да порасне не само животниот стандард на работниот народ, туку и на децата и постарите„.

Со стапки на растеж од преку 10 проценти, Словачка е земја на бумот. Пример: сметано пер капита, во земјата се прават повеќе автомобили отколку каде и да е во светот. Од времето на финансиските и даночните реформи на претходната влада, во земјата постојано доаѓаат инвеститори, па не може да се согледа крај на бумот. Меѓутоа, Словачка има многу нешта да достигне. Просечните приходи се околу 700 евра, невработеноста 11 проценти, а постојат големи разлики меѓу источниот и западниот дел на земјата: богатиот регион околу Братислава на една страна и сиромашниот исток кон Украина на друга.

BdT Slowakei kann Euro 2009 einführen Finanzminister Jan Pociatek
Словачкиот министер за финансии Почиатек смета дека земјата е подготвена за евротоФотографија: AP

Словачка е на добар пат

Економскиот експерт Зенко Крајчир проценува:

„Нашиот економски развој е балансиран. Бројот на вработените расте исто како и продуктивноста. Според мене, тоа е редок случај. И структурата на стопанството, според мене, е како од учебник – една половина од растежот е од увоз, другата од домашната побарувачка. Особено е важно што станува збор за одржлив растеж, што значи дека и покрај високиот пораст, опаѓа трговскиот дефицит, а инфлацијата не расте„.

Сето тоа е точно: столбовите за воведување на еврото се стабилни. Европската унија додуша смета дека и Словачка ќе ја зафати повиска инфлација, критериумот за дефицитот од 3 проценти ќе биде јасно под таа граница, а јавното задолжување не е ниту половина од критериумите од Мастрихт. Па, сепак еврото и за Словачка може да стане проблем. Банкарите сметаат дека страхувањата на граѓаните не се без онсова. Нивото на цените е под оние во зоната на еврото, но тоа може драстично да се промени кога словачката круна од 1 јануари идната година ќе биде заменета со европската валута.