1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словачките пратеници си го укинаа имунитетот

3 февруари 2012

Необичниот чекор го поддржаа сите 147 пратеници во парламентот. Одлуката ќе важи и за шефот на државата, обвинителите, припадниците на тајните служби и полицајците.

https://p.dw.com/p/13wSi
Зградата на словачкиот парламентФотографија: picture-alliance/dpa

Пратениците во парламентот на Словачка денеска (03.02) едногласно одлучија да си го укинат имунитетот во случај на сторен прекршок. За необичниот чекор гласаа сите 147 присутни пратеници. На предлог на опозицијата, со предлогот за укинување на имунитетот беа опфатени и други државни функционери, почнувајќи од шефот на државата, обвинителите, припадниците на тајните служби и полицајците.

Кампањата за укинување на имунитетот ја водеше Либералната партија од каде аргументираа дека нема причина зошто некој пијан пратеник, кој ќе стори прекршок, треба да ужива заштита. 17 пратеници на оваа партија се фотографираа голи со транспарент: „Да им го соблечеме имунитетот!“

Во образложението на предлог-законот се наведува дека е прашање дали во една правна држава воопшто има оправдание за толку широко сфатен имунитет кој го уживаат толку многу луѓе во државната управа, како во Словачка.

Партиите од владејачката коалиција на премиерот Ивета Радицова се обидоа да го укинат имунитетот уште во 2010 година, но уште порадикално, бидејќи бараа имунитетот на пратениците да ги штити само за изјава дадени во рамки на нивните должности во парламентот. Тогаш за таков чекор немаше политичка волја во земјата.

Автор: БГ/бета/афп

Редактор: Е.М. Фиданоска