1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија против проширувањето на правата на хомосексуалците

ЖА/ АТ/ дв26 март 2012

Граѓаните на Словенија на референдум се изјаснија против проширувањето на правата на хомосексуалните брачни парови во земјата

https://p.dw.com/p/14S4E
Фотографија: Fotolia/Markus Schieder

На вчера одржаниот референдум околу 55 проценти од населението го отфрли новиот закон кој требаше да обезбеди ист правен статус на брачните парови од ист пол со оној на хетеросексуалните. Од излезените гласачи 43 отсто го поддржале законот, соопшти Државната комисија за референдум. Изборната излезност била многу ниска - само 26 отсто.

Предложениот закон предвидува хомосексуалните двојки да можат да го регистрираат своето партерство и соодветно со тоа да можат да ги решаваат имотните и наследните прашања. Тоа на геј двојките ќе им овозможеше да ги посвојуваат децата на своите партнери. Не се дозволуваше посвојување од трети лица.

Согласно изходот на референдумот, законот донесен во 2011-та година нема да стапи во сила. Против законот беше и католичката црква, како и конзервативната Словенечка демократска партија на новиот премиер Јанез Јанша.