1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија: Јанковиќ не успеа во составувањето влада

10 јануари 2012

Победникот на парламентарните избори и досегашен градоначалник на Љубљана Зоран Јанковиќ, не можеше да ги убеди либералите од партијата Граѓанска листа Вирант да влезат во влада на центарот и левицата.

https://p.dw.com/p/13gjG
Зоран ЈанковиќФотографија: DW

Победникот на парламентарните избори во Словенија, Зоран Јанковиќ, не успеа во обидот да состави влада. Досегашниот градоначалник на Љубљана не можеше да ги убеди либералите од партијата Граѓанска листа Вирант да влезат во влада на центарот и левицата.

Советот на партијата Листа Вирант синоќа донесе одлука да не го поддржи предлогот мандатор за состав на нова влада да биде лидерот на Позитивна Словенија, Зоран Јанковиќ, кому претседателот Данило Тирк му даде доверба да состави влада.

Јанковиќ досега ја има поддршката на 28 пратеници на Позитивна Словенија и десет од Социјалните демократи на Борут Пахор, што не му обезбедува потребно мнозинство во парламентот, зашто за тоа се потребни 46 пратенички гласови.

Со синоќешната одлука на Советот, Листата Вирант се определи за влада на десен центар. Теоретски, сега е можно влада да состави и претседателот на словенечката Демократска партија, Јанез Јанша, но таа би располагала со тесно мнозинство.

Автор: ЖА/дв/бета

Редактор: Б.Георгиевски